„Ти забодуваат нож во грбот, а потоа се преправаат дека тие крвават“ – цитати за лажните пријатели кои ни го трујат животот

Дали сте биле изневерени од личност која сте ја сметале за најдобар пријател? Не сте единствените. Понекогаш ни е потребно многу време да ги распознаеме и одделиме лажните од вистинските пријатели.

Citati-za-laznite-prijateli-01.jpg

Се вели дека родителите побрзо ги забележуваат лажните пријатели од нас. И дека луѓето не се менуваат суштински, само си ги симнуваат маските.

На здравје, лажни пријатели! Покрај такви како вас, кому му требаат непријатели? Прочитајте ги следните цитати за лажните пријатели и отстранете ги од животот:

Кога ќе видат дека ти оди подобро без нив, тогаш по секоја цена се обидуваат да те вратат во нивниот живот.

Понекогаш личноста за која си спремен да примиш куршум е онаа која го повлекува чкрапалото кон тебе.

Не им се плаши на непријателите кои те напаѓаат, плаши се од лажните пријатели што те прегрнуваат.

Обрни посебно внимание на оние кои не ти аплаудираат кога победуваш.

Ти забодуваат нож во грбот, а потоа се преправаат дека тие крвават.

Вистинскиот пријател нема да се однесува кон тебе како спрема чергиче за бришење нозе.

Те игнорираат сега, но ќе те бараат подоцна. Веројатно кога ќе станеш поуспешен од нив.

Не им недостигаш кога си отсутен. Им недостигаш кога продолжуваш понатаму без нив.

Пријателите треба да се расположат кога плачеш, а не да бидат причината за твоите солзи.

Ги игнорираат твоите пораки, но имаат време да постават видеа на Инстаграм.

Лажните пријателите веруваат во озборувања. Вистинските веруваат во тебе.

Лажните пријатели се како сенки – секогаш блиску до тебе во најсветлите моменти, а ги нема никаде кога темницата се заканува да те проголта.

Лажните пријатели се сите неисполнети ветувања кон тебе.

Кога еднаш ќе престанат да зборуваат со тебе, ќе започнат да зборуваат ЗА тебе.

Престани да ги бараш одредено време и ќе видиш колку мртви цветови залудно си ги полевал со вода.

Родителите ќе ги забележат твоите лажни пријатели пред ти да го сториш тоа.

Еден лажен пријател може да направи повеќе штета отколку 5 непријатели.

Лажните непријатели денес се со тебе, а утре се против тебе.

Се грижиме за некого кој не може да одвои ниту минута и да те праша – како си?

Престанете да им испраќате реферати на „пријателите“ кои ви враќаат со емотикони.

На крајот, ќе се сетиме на тишината на нашите пријатели, наместо на зборовите на непријателите.

Разделбата е најдобриот подарок што може да го добиеш од лажниот непријател.

Самотијата е подобра од лошиот пријател.

Луѓето не се менуваат никогаш. Тие само си ги симнуваат маските.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *