Што прво ќе видите на сликата открива каков партнер ви е потребен во животот

Едноставен психолошки тест ќе ви открие каков тип на партнер е соодветен за вас според вашиот карактер. За да добиете точна информација за вашата идеална половина, внимателно погледнете ја сликата и одлучете кој фрагментот од истата прв ќе ви го привлече внимание.

Kakov-partner-vi-e-potreben-vo-zivotot-01.jpg

Изборот е следен: пеперутка, дрво, лице или сонце? Погледнете ја сликата уште еднаш…

Kakov-partner-vi-e-potreben-vo-zivotot-02.jpg

Пеперутка

Вие сте харизматични и многу талентирани, во потрага по некој кој не само што ќе ги цени овие квалитети кај вас, туку делумно ќе има и креативност во самиот себе. Вие не барате само некој што ќе биде само обожавател на вашиот талент, туку партнер во она што го работите.

Поддршката ви е многу поважна отколку слепото обожување. Сакате покрај себе некој со кого ќе се поврзете пред сè на духовно ниво. Потребна ви е сигурна, самоуверена и дружељубива личност која ќе ви биде вистинска потпора и рамо за плачење во тешките времиња.

Дрво

Дрвото е персонификација на сигурност и цврстина. Вие барате некој покрај кого ќе се чувствувате сигурно и заштитено. Не ве привлекува изгледот, шармот – убедени сте дека ова нема практична вредност. Цврсто сте фокусирани на создавање силно семејство и барате некој кој може да обезбеди пристојна иднина за вас и вашите деца.

Кога се запознавате со некого за прв пат веднаш расчистете колку вашите цели во животот се совпаѓаат со неговите, дали тој е сериозен во врска со создавање семејство и дали е подготвен да ја преземе одговорноста за вас. Ова ќе ви заштеди време, да не се занимавате со несериозни мажи коишто не се подготвени за сериозна врска.

Лице

Посакувате енергична личност која е во состојба да ве води. По природа вие не сте лидер и ви треба некој кој ќе ги носи одлуките наместо вас и ќе преземе одговорност. Свесни сте колку е тешко две слаби личности да преживеат во овој суров свет, па токму затоа сте во потрага по некој што ќе биде многу посилен од вас.

Обратната страна на паричката од ваквиот избор може да биде вистински деспот, односно агресивен партнер. За да не бидете подоцна жртва на домашно насилство, внимателно анализирајте го однесувањето на партнерот, дури и во почетните фази на запознавање.

Сонце

Леснотијата и опуштеноста ви е особено важна кај партнерот – начинот на размислување, карактерот, начинот на живот. Не ве привлекуваат сериозни разговори и обврски, затоа барате некој кој го гледа животот едноставно како и вие, без да ја комплицира дополнително ситуацијата.

Потребна ви е личност која е подготвена во секое време да промени сè во својот живот, да отиде и до крајот на светот доколку е потребно. Некој што нема да жали доколку остави сè зад себе, партнер подготвен за промени, лесна адаптација. Ненаметливост, спонтаност и позитивен став кон животот – тоа се квалитети коишто ги барате кај партнерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *