Мока милкшејк – кремаста комбинација од кафе, чоколадо и сладолед

Десерт во чаша – извонредна комбинација на вкусови која ќе ве освежи, разлади и заслади истовремено.

Moka-milkshejk-01.jpg

Овој мока милкшејк е совршено летно задоволство, спој на кафе, чоколадо и сладолед од ванила. Внимавајте – лесно може да станете зависни од вкусот.

Потребни состојки:

  • 90 gr млечно чоколадо + малку за украсување на пијалакот
  • 200 ml ладно кафе
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици сладолед од ванила

Начин на подготовка:

Подгответе го омиленото кафе и добро оладете го. Во меѓувреме изрендајте го чоколадото.

Овие состојки заедно со сладоледот од ванила помешајте ги во блендер додека не добиете мазна, еднолична смеса.

Сипете го подготвениот мока милкшејк во голема чаша, а по желба може да додадете уште малку сладолед и да украсите со рендано чоколадо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *