„Зависта е омраза, тагуваме за среќата, а се радуваме на туѓата несреќа“ – Спиноза низ 15 цитати

„Нека биде проклет и дење и ноќе. Нека биде проклет и кога легнува и кога станува. Нека биде проклет и кога поаѓа и кога доаѓа! И Господ никогаш да не му прости! Нека одмаздата и гневот на Господ горат против овој човек кој врз себе ги навлече сите проклетства кои се напишани во Книгата на законите и нека се уништи неговото име!“

Spinoza-niz-15-citati-01.jpg

Вака еврејската заедница го екскомуницирала Барух (Бенедиктус) Спиноза, познатиот мислител и филозоф, роден во 1632 во Амстердам. Спиноза починал во 1677 година во Хаг.

Заради своите ставови бил обвинет за ерес. Во 1656 година бил отфрлен од страна на еврејската заедница, но оваа постапка не влијаела премногу врз него. Тој и понатаму продолжил да се занимава со сопствените филозофски погледи и ставови. Никогаш не се оженил, ниту пак имал наследник.

Живеел повлечено, и цврсто верувал дека слободата има пресудно значење во човековиот живот. Неговата работа извршила огромно влијание врз филозофскиот свет, особено врз германскиот филозоф Ниче кој бил обземен од работата на Спиноза толку многу, што цела една година го носел неговото најпознато дело „Етика“ во џебот.

Како всушност размислувал Спиноза може да откриете преку неговите исклучително вредни мисли и цитати:

Душата не се победува со оружје, туку со љубов и благородност.

Кога љубовта сака да зборува, разумот мора да молчи.

На луѓето најмногу им пречи доколку со нив владеат оние што им се рамноправни.

Малкумина се оние кои умеат да ги поднесат сопствените маани кај другите луѓе.

Проблемот кај многу луѓе е тоа што сакаат да им бидат учителите на другите, а всушност уште долго треба да бидат ученици.

Мене не ме вознемирува смртта, туку умирањето.

Среќата е отсутност на болка.

Ревносно се обидував да не го исмевам човековото однесување постапки, да не го сожалувам и да не го презирам, туку да го разберам.

Освен Бог, не може да постои ниту може да се замисли ниту една супстанција.

Ако сакате иднината да биде поразлична од минатото, не заборавајте на минатото.

Зависта е омраза што влијае толку многу врз човекот што тој тагува за среќата на другиот, а се радува на неговата несреќа.

Желбата е суштината на човекот.

Не жалам за ништо. Тој што жали за тоа што го сторил е дупло понесреќен.

Најважното достигнување што човечкото суштество може да го постигне е да научи да разбира, бидејќи да разбере значи да се биде слободен.

Не сакаме нешто затоа што е добро. Напротив, ние велиме дека нешто е добро затоа што го сакаме тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *