„Како мачорот ми го украде сопругот…“ – жена од Тајланд споделува слатки фотографии од партнерот и нивниот мачор

Еден пар од Тајланд стана хит на интернет благодарение на фотографиите од нивната посесивна мачка.

kako-machorot-mi-go-ukrade-soprugot-zhena-od-tajland-spodeluva-slatki-fotografii-od-partnerot-i-nivniot-machor-01.jpg

Секој што чува мачка знае дека овие животни можат навистина да се приврзат за нивните сопственици. Неретко, пак, кога живеат во дом со повеќе луѓе, мачките настојуваат да фаворизираат еден од сопствениците. Во случајот на овој пар од Тајланд, нивниот мачор го избрал мажот.

Насрин Хами почнала да објавува фотографии од нејзиниот сопруг и нивниот мачор кој се однесува навистина посесивно. Откако фотографиите биле забележани од Facebook страницата Super Cats, целиот свет дозна за нив.

kako-machorot-mi-go-ukrade-soprugot-zhena-od-tajland-spodeluva-slatki-fotografii-od-partnerot-i-nivniot-machor-02.jpg

Името на мачорот е Џарвис, има 6 години и долго време живее со Насрин и нејзиниот сопруг.

„Џарвис отсекогаш го сакал мојот сопруг, а се однесува исто и со мене. Всушност, тој е пријателски настроен со сите кои доаѓаат кај нас“, вели Насрин.

kako-machorot-mi-go-ukrade-soprugot-zhena-od-tajland-spodeluva-slatki-fotografii-od-partnerot-i-nivniot-machor-03.jpg

Жената вели и дека омилените активности на мачорот биле спиење, гледање низ прозорецот и играње со нејзиниот сопруг. Од фотографиите и самитe ќе забележите дека Џарвис е секогаш расположен за галење, и постојано се обидувал да му го привлече вниманието на сопругот на Насрин. Всушност, тој го следел насекаде низ домот.

Откако Џарвис се прослави, многу луѓе ја прашале Насрин дали мачорот се вдомува. Нормално, таа одговорила дека Џарвис ќе си остане со нив и дека не ни помислуваат да го дадат некому.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *