На 5-годишно девојче ѝ ја украле заштедата за автомобил, па од Ferrari ѝ приредиле незаборавно изненадување

Кога едно девојче ја изгубило заштедата за автомобил, од Ferrari ѝ приредиле прекрасно изненадување.

na-5-godishno-devojche-mu-gi-ukrale-parite-za-avtomobil-pa-od-ferrari-priredile-nezaboravno-iznenaduvanje-01.jpg

5-годишната Медисон Хјустон со месеци штедела пари бидејќи сакала да си купи автомобил. За да ги заработи парите, таа помагала низ домот, а одвреме-навреме продавала и јагоди. На овој начин девојчето успеало да заштеди 600 долари, кои ги планирала за Ferrari автомобил.

na-5-godishno-devojche-mu-gi-ukrale-parite-za-avtomobil-pa-od-ferrari-priredile-nezaboravno-iznenaduvanje-02.jpg

Но, сите планови ѝ пропаднале во вода кога била ограбена. Нејзината мајка има кафетерија во гратче во Австралија која, за жал, била ограбена. Крадецот ја земал заработката од цела недела на мајката на Медисон, но и нејзините 600 долари.

na-5-godishno-devojche-mu-gi-ukrale-parite-za-avtomobil-pa-od-ferrari-priredile-nezaboravno-iznenaduvanje-04.jpg

Приказната допрела и до телевизијата 7News, а кога водителите го прашале девојчето за кражбата, тоа имало само една порака до крадецот:

„Ќе те извозев во моето Ferrari ако не ми ги украдеше парите“.

na-5-godishno-devojche-mu-gi-ukrale-parite-za-avtomobil-pa-od-ferrari-priredile-nezaboravno-iznenaduvanje-05.jpg

Според мајката на Медисон, Сара, ова била веќе шеста кражба во нејзината кафетерија.

„Најлошото е што вложив многу работа и жртвував многу време кое можев да го поминам со моите деца“, изјави таа.

Сепак, ова е приказна со среќен крај. Откако од Ferrari ја слушнале приказната на малата Медисон, тие не само што ѝ дале 600 долари, туку ѝ дозволиле да се извози и во еден од нивните автомобили.

na-5-godishno-devojche-mu-gi-ukrale-parite-za-avtomobil-pa-od-ferrari-priredile-nezaboravno-iznenaduvanje-03.jpg

На видеото од 7News се гледа моментот кога на девојчето му ги враќаат заштедените пари, а таа е толку среќна, што дури и ја прегрна жената која и ги даде парие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *