Совршена за изолација – како изгледа подземна куќа од 2 милиони долари? (фото)

Ако сакате вистински да се изолирате од светот и при рака имате 2 милиони долари, тогаш сигурно ќе ви се допадне оваа куќа.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-01.jpg

Една куќа во Бафало, Тексас, стана интернет сензација, и тоа со причина – куќата има 3 спални, 2 бањи и 3 екстра соби, на површина од 280 метри квадратни. Она што ја прави куќата посебна е тоа што таа е целосно под земја.

Моментално куќата се продава, па ако случајно имате 2 милиони долари, може да биде и ваша.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-02.jpg

Иако во куќата нема природна светлина, целиот ентериер е украсен со мурали со живи бои, па нема ни да забележите дека се наоѓате под земја.

Над земјата се наоѓа само гаражата, а влезот до внатрешноста на куќата е направен да изгледа како тунел од камени цигли. Штом ќе влезете внатре, пак, веднаш ќе ги забележите живите и весели бои.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-03.jpg

Секоја соба од куќата си има своја тема и е украсена на различен начин, па внатре има „тропска“ соба, соба посветена на уметноста, но и соба со посуптилни декорации.

Куќата е и самоодржлива, па можете слободно да се вселите и да не ја напуштите до крајот на пандемијата. Водоводот е поврзан со бунар кој се наоѓа на имотот, куќата има своја канализација, па дури и генератор кој обезбедува струја за 2 недели.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-04.jpg

Сопственикот што ја градел куќата ги зел предвид и приватноста, и безбедноста, па оваа куќа може да ве заштити и од бурите и торнадата што се честа појава во оваа област.

„Изградена е во рид. Ископале дупка во ридот, ја направиле структурата, ја изградиле куќата, па ја закопале“, објаснува агентот за недвижнини кој се обидува да најде нови сопственици за овој необичен дом.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-05.jpg

Дури и ако имате клаустофобија, можете да престојувате во ова куќа – нејзините тавани се високи и по 8 метри.

Дали би живееле во ваква куќа?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *