9 лоши навики поради кои жените не уживаат во сексот

Во сексот треба да уживате и вие и вашиот партнер, но неретко жените го запоставуваат нивното задоволство.

9-zhenski-naviki-poradi-koi-ne-mozhete-da-uzhivate-vo-seksot-01.jpg

Поради некоја причина, жените повеќе се фокусираат на уживањето на партнерот, па не е ни чудно што голем дел од нив имаат проблеми со оргазмите.

Ако и вие спаѓате овде, погледнете кои се навиките што не ви дозволуваат вистински да уживате во сексот:

Ги ставете потребите на партнерот пред вашите

Во ред е да ги исполнувате желбите на партнерот, но не заборавајте и на вашите. Кажете му на партнерот што сакате, бидејќи и вие заслужувате да уживате.

Лажете дека сте доживеале оргазам

Немојте да го лажете партнерот дека сте доживеале оргазам само за да не се разочара. На овој начин, тој нема да знае дека всушност има проблем и нема ни да се потруди да ви помогне навистина да доживеете оргазам.

Исполнувате фантазии што не ви се допаѓаат

Ако, на пример, партнерот сака анален секс, а вие не, но сепак му ја исполнувате фантазијата, тогаш нема да уживате. Разговарајте за вашите и неговите фантазии, но поставете и граници. Никогаш немојте да правите работи што не ви се допаѓаат.

9-zhenski-naviki-poradi-koi-ne-mozhete-da-uzhivate-vo-seksot-02.jpg

Премолчувате кога нешто не е во ред за време на секс

Ако некое движење на партнерот ви предизвикува непријатност, па дури и болка, немојте да молчите. Сè додека не му кажете на партнерот дека нешто не е во ред, тој ќе смета дека уживате и нема да промени ништо.

Ја „убивате“ спонтаноста

Ако партнерот иницира секс и вие сте расположени за тоа, немојте да ја „убиете“ спонтаноста за да ги измиете забите или нешто слично. Тој нема ни да ги забележи овие ситници, а ако ја прекинете играта, дефинитивно ќе се намали и уживањето.

Одбивате секс бидејќи не сте „средени“

Нормално е да сакате да ги отстранувате или средувате срамните влакна, но никој нема време постојано да изгледа беспрекорно. Нема потреба да одбивате секс само затоа што не сте средени. За време на секс, партнерот нема ни да обрне внимание на ова.

9-zhenski-naviki-poradi-koi-ne-mozhete-da-uzhivate-vo-seksot-03.jpg

Криете кога имате менструација

Поради некоја причина, на многу жени им е непријатно да зборуваат со партнерот за нивниот менструален циклус. Ако не сте во сериозна врска, нема потреба да споделувате детали, но истовремено не треба да ви е срам да му кажете на сексуалниот партнер дека имате менструација.

Не користите заштита

Кога сте со нов партнер, мора да употребувате кондом. Сепак, веројатно знаете малку еден за друг, па ова е најдобриот начин да се заштитите од полово преносливи болести. Ако сте во подолга врска, веројатно го немате овој страв, но ако не планирате да забремените, мора да користите заштита за тоа. Уживањето во сексот сигурно ќе се намали ако знаете дека постои ризик да останете бремени.

Се грижите за вашиот изглед за време на секс

Дали ви се познава стомачето, дали ви се гледа целулитот, дали партнерот ќе ги види стриите… Сето ова се непотребни грижи. Штом партнерот е со вас и сака да има секс со вас, тогаш го сака вашето тело и нема потреба да се грижите како изгледате кога сте во спалната соба.

9-zhenski-naviki-poradi-koi-ne-mozhete-da-uzhivate-vo-seksot-04.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *