Како да си направите фрапе по рецепт на грчките барови?

Ако летово не успеавте да отидете на омилените грчки плажи, барем направете си го омиленото грчко фрапе и уживајте во домашна атмосфера или на отворено во природа. 

kako-da-si-napravite-frape-po-recept-na-grchkite-barovi-01.jpg

Дали ви се случило да не може сами да си го погодите кафето, а кога сте на плажа во Грција фрапето да ви е погодено „таман“ по ваш вкус?

Грците имаат точна доза на кафе и шеќер во зависност од тоа дали ќе нарачате благо, средно или без шеќер. 

Во продолжение погледнете како го прават фрапето, направете си го како што го нарачувате на плажа и уживајте:

  • Благо (glykós) – 2 лажици кафе и 4 лажици шеќер
  • Средно (métrios) – 2 лажици кафе и 2 лажици шеќер
  • Горко или чисто (skétos) – 2 лажици кафе, без шеќер

Ставете малку вода и ставете го под силна машина за матење кафе, со благи движења на чашата нагоре-надоле, додека пената не се надигне и стане густа. Потоа додадете кондензирано млеко или пијте го без млеко, по ваш вкус.

kako-da-si-napravite-frape-po-recept-na-grchkite-barovi-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *