Како до успешна диета, без јојо ефект?

Колку пати ви се случило само неколку денови откако ќе ја завршите диетата, да ги вратите килограмите?

kako-do-uspeshna-dieta-bez-jojo-efekt-01.jpg

Ова е таканаречениот јојо ефект, кој се појавува откако ќе се вратите на стариот начин на исхрана. Токму поради ова, повеќето диети се неефикасни и можат да ви бидат од помош само додека ги држите.

Сепак, постои начин да ги држите килограмите настрана и откако ќе завршите со диетата, а за тоа ќе треба да следите неколку правила или совети:

Немојте да го прескокнувате појадокот

Во текот на денот ќе ви биде потребна енергија која можете да ја добиете од појадокот. Истовремено, ако наутро не јадете ништо, поголема е веројатноста за ручек да изедете пообилен оброк.

Џвакајте ја храната бавно

Немојте да брзате додека јадете и добро изџвакајте го секој залак. За да јадете побавно, пак, следете едноставно правило – земете три залаци, па спуштете ја лажицата или виљушката.

kako-do-uspeshna-dieta-bez-jojo-efekt-02.jpg

Правете мали паузи во вежбањето

Немојте да мислите дека ако вежбате цел час без престан, ќе видите подобри резултати. Во вежбањето исто важно е и времето за одмор. Затоа, помеѓу секој сет правете 30-тина секунди пауза.

Избегнувајте ужини доцна во ноќта

Најдобро е да не јадете барем 3 часа пред да си легнете.

kako-do-uspeshna-dieta-bez-jojo-efekt-03.jpg

Вежбајте со тегови

Вежбањето со тегови ги зајакнува мускулите и може да го забрза метаболизмот.

Размислете дали навистина сте гладни

Кога ќе почнете да размислувате за храна, запрашајте се дали сте навистина гладни, или само ви е досадно.

kako-do-uspeshna-dieta-bez-jojo-efekt-04.jpg

Спијте повеќе

Обидете се да спиете 6-8 часа секоја вечер. Во спротивно, вашиот апетит ќе биде поголем и најверојатно ќе јадете многу повеќе.

Сами приготвувајте го ручекот

Дури и кога одите на работа, обидете се да си носете ваш ручек. На овој начин не само што ќе заштедите, туку и ќе можете да контролирате што јадете.

kako-do-uspeshna-dieta-bez-jojo-efekt-05.jpg

Јадете салати

Секогаш кога можете, со оброкот изедете и салата. Таа ќе направи да се чувствувате сито, со многу помалку калории.

Јадете почесто

Многу подобро е да изедете неколку помали и здрави оброци во текот на денот. На овој начин ќе се намали желбата за ужина.

kako-do-uspeshna-dieta-bez-jojo-efekt-06.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *