Тензијата ескалираше: Анџелина Џоли ја прекина семејната терапија со Бред Пит, неговата нова девојка си се сонча на плажа

Анџелина Џоли не може да го контролира бесот за потезите на Бред Пит, па дури ја прекинала семејната терапија.

tenzijata-eskalirashe-andjelina-djoli-ja-prekina-semejnata-terapija-so-bred-pit-negovata-nova-devojka-si-se-soncha-na-plazha-01.jpg

Анџелина Џоли и Бред Пит со години водат судска битка околу старателството на нивните 6 деца.

Тие се разделија во септември 2016 година, но сѐ уште немаат пронајдено заеднички јазик на тема старателство. Бред сака да ги делат правата 50/50, но на Џоли не ѝ се допаѓа тоа.

Интересно е што за време на екот на корона пандемијата Бред Пит неколку пати беше забележан како со мотор оди во домот на Џоли и изгледаше дека бившите сопружници конечно ја смириле тензијата, но минатиот месец откако Бред Пит појде на романтичен одмор на нивниот имот на Југот од Франција со новата девојка Никол Потуралски ситуацијата кулминираше.

Џоли била толку бесна на него што дури ја откажала семејната терапија на која оделе.

„Тензијата помеѓу Бред и Анџелина ескалираше и повеќе не одат на семејна терапија“, изјави извор близок до парот.

Инаку приватен судија е ангажиран да ја решава нивната битка за старателство во октомври.

Во меѓувреме Бред позира за модната кампања на брендот Brioni.

tenzijata-eskalirashe-andjelina-djoli-ja-prekina-semejnata-terapija-so-bred-pit-negovata-nova-devojka-si-se-soncha-na-plazha-06.jpg
tenzijata-eskalirashe-andjelina-djoli-ja-prekina-semejnata-terapija-so-bred-pit-negovata-nova-devojka-si-se-soncha-na-plazha-09.jpg
tenzijata-eskalirashe-andjelina-djoli-ja-prekina-semejnata-terapija-so-bred-pit-negovata-nova-devojka-si-se-soncha-na-plazha-08.jpg
tenzijata-eskalirashe-andjelina-djoli-ja-prekina-semejnata-terapija-so-bred-pit-negovata-nova-devojka-si-se-soncha-na-plazha-07.jpg

Анџелина постојано е фотографирана на прошетки со децата.

tenzijata-eskalirashe-andjelina-djoli-ja-prekina-semejnata-terapija-so-bred-pit-negovata-nova-devojka-si-se-soncha-na-plazha-04.jpg
tenzijata-eskalirashe-andjelina-djoli-ja-prekina-semejnata-terapija-so-bred-pit-negovata-nova-devojka-si-se-soncha-na-plazha-03.jpg
tenzijata-eskalirashe-andjelina-djoli-ja-prekina-semejnata-terapija-so-bred-pit-negovata-nova-devojka-si-se-soncha-na-plazha-02.jpg

Неговата девојка Никол Потуралски пак ужива на одмор.

Бред Пит е фотографиран со Никол уште во 2019 година на концерт на Канје Вест.

tenzijata-eskalirashe-andjelina-djoli-ja-prekina-semejnata-terapija-so-bred-pit-negovata-nova-devojka-si-se-soncha-na-plazha-02_1.jpg
tenzijata-eskalirashe-andjelina-djoli-ja-prekina-semejnata-terapija-so-bred-pit-negovata-nova-devojka-si-se-soncha-na-plazha-01_1.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *