Широки раменици, тесни колкови: Трикови со облеката кои ги користат ѕвездите за да ги скријат недостатоците

Меган Маркл ја истакнува половината, Џоли ги маскира тесните колкови – какви трикови со облека применуваат славните за да ги сокријат недостатоците?

trikovi-so-oblekata-koi-gi-koristat-dzvezdite-za-da-gi-skrijat-nedostatocite-01.jpg

Облеката може целосно да го промени изгледот, да го истакне она што го сакате, а да го сокрие недостатокот на вашето тело.

Доколку знаете каква е формата на вашето тело и кој тип на облека најмногу ви одговара, нема да имате проблем да изгледате беспрекорно.

Ѕвездите се служат со неколку трикови кои им помагаат во тоа, а може да украдете некој од нив:

Сара Џесика Паркер му дава волумен на горниот дел од телото

Ако го имате истиот проблем: носете впечатливи бои или големи принтови на облека со израз на деколтето.

trikovi-so-oblekata-koi-gi-koristat-dzvezdite-za-da-gi-skrijat-nedostatocite-02.jpg

Анџелина Џоли ги маскира широките раменици и тесни колкови

Ако го имате истиот проблем: носете прекумерно големи палта, масивни додатоци на облеката во пределот на градите.

trikovi-so-oblekata-koi-gi-koristat-dzvezdite-za-da-gi-skrijat-nedostatocite-03.jpg

Рис Витерспун визуелно го издолжува телото

Ако го имате истиот проблем: носете фустани со должина до колена и штикли со скриена платформа кај прстите.

trikovi-so-oblekata-koi-gi-koristat-dzvezdite-za-da-gi-skrijat-nedostatocite-04.jpg

Викторија Бекам ѝ додава волумен на фигурата

Ако го имате истиот проблем: носете широки панталони и кошули или струкирани панталони и волуменозни палта.

trikovi-so-oblekata-koi-gi-koristat-dzvezdite-za-da-gi-skrijat-nedostatocite-05.jpg

Меган Маркл ја крие правоаголната фигура на тело

Ако го имате истиот проблем: нагласете ја половината со колани или носете тесни миди здолништа со висок струк кои даваат акцент на колковите.

trikovi-so-oblekata-koi-gi-koristat-dzvezdite-za-da-gi-skrijat-nedostatocite-06.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *