Лоша мајка, пропаднати соништа – тажни моменти од животот на Џенифер Анистон

Џенифер Анистон е една од најпознатите актерки во Холивуд, но животот бил премногу суров кон неа.

losha-majka-propadnati-sonishta-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhefnier-aniston-01.jpg

Можеби ние мислиме дека мора да е среќна штом е славна, убава и талентирана, но се чини дека актерката имала повеќе тажни отколку среќни моменти во животот. А, разводот со Бред Пит и не е најлошото што ѝ се случило.

Од ужасниот однос со мајка ѝ, па сè до неисполнетите соништа, погледнете неколку тажни детали од животот на Џенифер:

Проблематичен фан

Во 2010-та година, Џенифер Анистон излегувала од Starbucks, а надвор ја чекал еден маж. Станува збор за Џејсон Пејтон, кој 8 денови се обидувал да ја лоцира актерката, и кога успеал во тоа, ја чекал пред кафетеријата со остар предмет, вреќа и леплива лента. За среќа, Џејсон бил уапсен пред да успее да ѝ наштети на Анистон, а доби и забрана за приближување до актерката.

Кога полицијата го пронашла неговиот автомобил, од надворешната страна биле изгравирани зборовите „Те сакам Џенифер Анистон“.

Целата приказна станува уште поморничава бидејќи неговите родители сфатиле што му е намерата, па мајка му била таа што повикала полиција. Џејсон имал историја со слични испади, имал ментални проблеми, па дури и верувал дека има роднинска врска со Опра, Нелсон Мандела, Џеј Зи, Џенифер Лопез и Кортни Кокс.

losha-majka-propadnati-sonishta-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhefnier-aniston-02.jpg

Негативно мислење за себе

Иако во 2016-та беше прогласена за најубава жена од страна на People, Џенифер има многу проблеми со самодовербата. Таа смета дека нејзината мајка е виновна за ова – таа постојано го критикувала нејзиниот изглед.

losha-majka-propadnati-sonishta-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhefnier-aniston-03.jpg

Лош однос со мајка ѝ

Мајката на Џенифер почина во 2016-та и иако пред нејзината смрт тие биле во добри односи, актерката откри дека со години воопшто не зборувале.

„Таа имаше лош темперамент. Јас не можам да го толерирам тоа. Ако се разочарам од нешто, ќе разговарам за тоа. Никогаш нема да викам и да бидам хистерична. Таа многу ме критикуваше. Бидејќи беше модел, беше прекрасна. Јас никогаш не бев“.

Нештата помеѓу мајката и ќерката се влошиле откако Џенифер се прослави со серијата Friends. Тогаш, мајка ѝ гостуваше во едно шоу и почна да споделува премногу лични детали за животот на актерката. Џенифер толку била гневна за ова, што не ја ни покани на венчавката со Бред Пит.

losha-majka-propadnati-sonishta-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhefnier-aniston-04.jpg

Лоши зборови од Бред Пит

Бред и Анистон беа во брак околу 5 години, но актерот изјави дека тој период не бил воопшто среќен:

„Ги поминав 90-те обидувајќи се да се скријам. Почнав да се чувствувам патетично. Мислам дека мојот брак имаше голем удел во тоа. Се преправавме дека бракот е нешто што всушност не е“.

losha-majka-propadnati-sonishta-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhefnier-aniston-05.jpg

Игнорирана од Оскарите

Џенифер најчесто се појавува во романтични комедии, но улогата во Cake од 2014-та е сосем поразлична. Во филмот таа глуми депресивна жена која го изгубила синот во сообраќајка. За улогата, актерката престана да вежба, не носеше шминка и ја оставаше косата валкана, а нејзината изведба беше навистина добра – совршен рецепт барем за номинација за Оскар.

Сепак, кога се објавија номинациите за Оскарите, Џенифер беше изоставена.

Ситуацијата беше полоша бидејќи јавноста, на некој начин, ја исмејуваше за ова.

losha-majka-propadnati-sonishta-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhefnier-aniston-06.jpg

Ги мрази папараците

Малку славни се следени од папараците како Џенифер Анистон, па не е ни чудно што на актерката ѝ дошло „преку глава“. Во 2016-та, таа дури и јавно се огласи на оваа тема:

„Секој ден јас и сопругот сме нападнати од дузина агресивни фотографи наредени пред нашиот дом, кои ќе направат буквално сè за една фотографија“.

losha-majka-propadnati-sonishta-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhefnier-aniston-07.jpg

Губи сериозни улоги поради нејзиното резиме

Сите ја Анистон знаеме како Рејчел од Friends, но изгледа ова ѝ предизвикува проблеми во кариерата. Актерката речиси секогаш ги губи сериозните улоги, најмногу бидејќи режисерите сметаат дека не се нејзин „стил“.

„Јас велам ’Знам дека можам да ја одиграм оваа улога, само треба да ми дозволите‘, а потоа ми велат ’Не можам да ти дозволам да играш ваква улога бидејќи никогаш не сум те видел во ваква улога‘. Имаше многу улоги кои навистина ги сакав и за кои се борев, но им беа доделени на оскаровци“.

losha-majka-propadnati-sonishta-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhefnier-aniston-08.jpg

Проблеми со дислексија

Во едно интервју, актерката откри дека не чита многу бидејќи има дислексија. Нормално, ова имало огромно влијание врз нејзината самодоверба, најмногу бидејќи не била свесна за нарушувањето сè до нејзините 20-ти.

„Мислев дека сум глупава. Дека не можам да сфатам ништо. Сега го имам ова одлично откритие. Се чувствувам како сите трагедии и трауми од детството да ми се објаснети“.

losha-majka-propadnati-sonishta-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhefnier-aniston-09.jpg

Никогаш не стана вистинска „филмска ѕвезда“

Џенифер доби и Златен Глобус и Еми за улогата на Рејчел Грин. Па, ако се очекуваше некој од Friends да стане филмска ѕвезда, тоа беше Анистон.

Но, се чини дека таа е поголема ѕвезда во таблоидите отколку на филмското платно. Многу од филмовите што ги сними после серијата имаа ужасна заработка, лоши критики и не ги сакаше никој.

losha-majka-propadnati-sonishta-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhefnier-aniston-10.jpg

Се соочила со многу болка и загуби

Тешко е да минувате низ развод, но замислете како би било да слушате и гледате за вашиот развод каде и да се свртите. Ова ѝ се случи на Џенифер кога се разделуваше со Бред. Истовремено, актерката постојано се соочува со шпекулации за тоа дали е бремена, дали е сингл, дали нашла некој нов…

Во 2015-та актерката отворено прозбори за сето ова:

„Плачев многу. Се соочив со многу загуби. Секој кој почувствувал болка што го фрлила на колена знае како ми било“.

losha-majka-propadnati-sonishta-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhefnier-aniston-11.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *