Да излижеш прсти: „Sloppy Joe“ бургер, по рецептот на Марта Стјуарт

Меко, воздушесто одвнатре и крцкаво однадвор лепче во комбинација со луто, мелено говедско месо и кисели краставички? Сите сме ЗА!

Sloppy-Joe-burger-po-receptot-na-Marta-Stjuart-01.jpg

Ова е еден од најпопуларните американски рецепти – бургерот со необично име „Sloppy Joe“ кој би го превеле како „Несмасниот Џо“. Можеби изгледа несмасно, но вкусот е совршен. Крајниот резултат ќе биде празна чинија и покрај навидум „непривлечниот“ изглед.

Марта Стјуарт го сподели својот рецепт за Слопи Џо:

Потребни состојки:

  • 4 тркалезни лепчиња за бургери (можете да купите готови или пак да ги направите самите, доколку ве бидува за месење)
  • 500 gr мелено јунешко месо
  • 1 кромид
  • ½ лажица чили пиперка во прав
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица готов ворчестер сос
  • 400 gr сос од патлиџани
  • 60 ml кечап
  • 4 кисели краставички
  • 1 лажица сончогледово масло
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Во подлабока тава загрејте го маслото. Додадете го сечканиот кромид, лукот и чили пиперката во прав. Промешајте, додадете сол и на средна температура пржете околу 5 минути.

Додадете го меленото јунешко месо. Продолжете со пржење додека месото не ја изгуби розовата боја, повторно околу 10 минути.

Додадете го сосот од патлиџани, кечапот и ворчестер сосот. Добро измешајте и оставете кратко време да се крчка на оган со малку повисока температура.

Во секое лепче ставете од подготвената смеса со месо и зачинете по вкус. Додадете кисели краставички во секој од бургерите исечкани по должина или на тркалца.

Sloppy-Joe-burger-po-receptot-na-Marta-Stjuart-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *