Девојките сакаат внимание, вистинските жени сакаат почитување – што сте вие?

Кога сте помлади, мислите дека жена и девојка е еден ист поим. Дека се само два збора кои го означуваат женскиот пол и единствената разлика помеѓу нив се брачниот статус и возраста.

Devojkite-baraat-vnimanie-01.jpg

Подоцна сфаќате дека тоа не се само синоними и дека не можете жената и девојката да ги третирате подеднакво. Постои голема разлика помеѓу жена и девојка. Жените живеат поинаков живот, тие се однесуваат кон вас на поинаков начин, но од вас очекуваат и вие да се однесувате поинаку кон нив.

Зрелиот маж секогаш ќе избере да биде во врска со жена која знае што сака во животот и не се плаши да го оствари тоа. Постои голема разлика помеѓу забавувањето со жена и забавувањето со девојка; девојките сакаат внимание, жените сакаат почитување. Девојката е во потрага по внимание и ќе направи сè за да го добие.

Таа ќе ги прифати малите машки игри и ќе му дозволи на машкото да се оддалечи од неа и да ѝ се враќа, затоа што мисли дека на овој начин ќе го добие сето можно внимание. Девојките се плашат од одбивање и поради тоа се подготвени да направат и работи коишто не ги сакаат, само за да го задржат машкото во својата близина. Девојката мисли дека нејзиниот живот нема никаква смисла без маж во него и не може да замисли да биде сама.

Таа нема доволно самодоверба и константно ќе се менува со цел да го задржи мажот во својата близина, да го зграпчи неговото внимание и често пати да го меша тоа со љубов.

Од друга страна, жената има потреба од многу повеќе. Таа знае што е вистинска љубов и доколку некој ја сака пред сè треба да ја почитува. Таа нема да се плаши да ви каже што точно очекува од вас, таа знае што сака и колку заслужува.

За неа почитувањето е многу повеќе од празни зборови и кога бара почит тоа не значи дека треба да ја почитување како жена туку како човечко суштество. Никогаш нема да дозволи да се однесувате лошо кон неа и да манипулирате со нејзините чувства, а кога ќе види дека немате добри намери кон неа таа ќе се заврти и ќе си отиде.

Никогаш нема да се менува себеси за да се здобие со вниманието на некој маж, не се плаши да биде сама, знае колку вреди и никогаш нема да дозволи да биде со некој што не ја цени. Ќе вложи големи напори во врската, но од мажот го очекува истото. Никогаш нема да прости неверство затоа што знае колку многу вреди и никогаш нема да дозволи мажот да ја намалува нејзината вредност.

Таквата жена не очекува од мажот константно да ѝ биде благодарен, но очекува тој да прави сè што таа прави за него и нивната врска. Можеби врската со ваков тип на жена ќе ви изгледа како предизвик и дека бара премногу напори, но иако таа бара навистина многу, верувајте дека е доволно вредна и дека ќе ви врати многу повеќе.

Извор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *