Инструкторот по јавање и уште 4 мажи во животот на принцезата Дијана, покрај Чарлс

Венчавката на Дијана и принцот Чарлс изгледаше како од бајка, но нивниот брак беше далеку од совршен.

pokraj-charls-koi-bea-drugite-mazhi-vo-zhivotot-na-princezata-dijana-01.jpg

На денот на венчавката, Дијана имаше само 19 години, а Чарлс имаше 33. Кралското семејство беше навистина задоволно од изборот на Чарлс, но набрзо сè тргна во погрешна насока. Покрај големата разлика во години, Чарлс си ја продолжи аферата со Камила, а Дијана си заработи бројни емоционални проблеми, па дури и нарушување во исхраната.

Кога Дијана сфати дека од Чарлс нема да го добие тоа што го сака – љубов – реши да го побара на друго место.

Додека беше со Чарлс, но и по разводот, Дијана имаше неколку врски, а во продолжение можете да дознаете нешто повеќе за нив:

Инструкторот по јавање

Џејмс Хјуит ѝ беше инструктор по јавање на Дијана, но во доцните 1980-ти се претвори во нешто повеќе.

За жал, се покажа дека тој е можеби и полош од Чарлс – соработувајќи со авторката Ана Пастернак, во книгата Princess in Love, тој откри многу интимни детали од неговата врска со Дијана.

„Да, го обожавав. Да, бев вљубена во него. Но, бев многу разочарана“, изјави Дијана за него.

pokraj-charls-koi-bea-drugite-mazhi-vo-zhivotot-na-princezata-dijana-02.jpg

Уште полошо е што тој се обидувал да ги продаде писмата што ги добивал од неа, по цена од околу 10 милиони долари.

Оваа врска натера многумина да мислат дека Џејмс е таткото на Хари, а не Чарлс, но инструкторот ги демантираше овие гласини.

pokraj-charls-koi-bea-drugite-mazhi-vo-zhivotot-na-princezata-dijana-03.jpg

Принцезата и продавачот на автомобили

Во доцните 80-ти Дијана, имаше кратка врска и со Џејмс Гилби. Од нивен телефонски разговор протече и снимка, на која Дијана му вели „Те сакам“.

За разлика од инструкторот по јавање, Џејмс не ја „оцрни“ Дијана откако ја прекинаа врската.

pokraj-charls-koi-bea-drugite-mazhi-vo-zhivotot-na-princezata-dijana-04.jpg

Полуголиот маж во Кенсингтонската палата

Поранешниот телохранител на Дијана, Кен Варф тврди дека принцезата имала чувства кон Оливер Хоаре уште на почетокот. Тој тврди и дека го забележал Оливер полугол во Кенсингтонската палата.

За жал, и овој маж бил жеден за внимание, па зборувал сешто за Дијана. Тој дури изјави дека принцезата му кажала дека тој бил единствениот маж кој ја возбудувал.

Според гласините, Оливер ја прекинал аферата со Дијана за да го спаси неговиот брак со многу богатата сопруга. Во 1994-та се проширија гласини дека Дијана му телефонирала после раскинувањето, но ова не е потврдено.

Веќе следната година, кралицата им нареди на Дијана и Чарлс да се разведат.

pokraj-charls-koi-bea-drugite-mazhi-vo-zhivotot-na-princezata-dijana-05.jpg

Желба за нова љубов

Во 1995-та Дијана го запозна докторот Хаснат Кан. Тие беа задно две години, а Дијана дури и ги посети неговите родители во Пакистан.

„Ѝ реков дека единствениот начин да имаме барем малку нормален живот е да се преселиме во Пакистан, каде што нема да има проблеми со папараците“, изјави тој.

За жал, нивната врска заврши бидејќи Хаснат не можел да го поднесе притисокот од јавноста.

pokraj-charls-koi-bea-drugite-mazhi-vo-zhivotot-na-princezata-dijana-06.jpg

Кобната несреќа

Дијана и Доди Фајед се запознаа на крикет натпревар во 1986-та, а ја почна врската во 1995-та, кратко по разделбата со Чарлс.

Покрај љубовта што ѝ ја дал, Доди можеше и да ѝ ја овозможи потребна приватност на Дијана. До 1997-ма почнаа да кружат гласини за нивната венчавка, а летото истата година тие заминаа на одмор во Париз.

Токму на тој одмор, и двајцата загинаа во сообраќајната несреќа. Некои луѓе веруваат дека Доди со себе имал и веренички прстен за Дијана.

pokraj-charls-koi-bea-drugite-mazhi-vo-zhivotot-na-princezata-dijana-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *