Како да отстраните дамки од пудра од облеката?

Едни од најчестите дамки на алишта кај дамите се остатоците од пудра. Особено во пределот на вратот. А, ова, често се случува и кај мажите кои ќе ги бакнат и прегрнат, најчесто несакајќи оставаат траги од пудрата на лицето.

kako-da-otstranite-damki-od-pudra-od-oblekata-01.jpg

Како да се ослободите од овие дамки? Постојат два начини: 

1. Со пена за бричење.

Прекријте ја дамката со пена за бричење. Оставете да отстои 2-3 минути. Потоа протријте силно со прст или со меко чисто парче материјал. Измијте со ладна вода.

Ако има потреба, повторете ја истата постапка со топла вода. На крај, впијте ја водата со чист сув пешкир.

Ставете го парчето облека да се препере во машина и проверете го резултатот.

kako-da-otstranite-damki-od-pudra-od-oblekata-02.jpg

2. Со сјај за садови. 

Втора опција ви е чистење со течен сјај за миење садови. Протријте го сјајот врз дамката. Може да користите и четка за заби.

Внимавајте да не излегувате од просторот со дамката за да не ја проширите пудрата на другите делови од облеката. Исплакнете со ладна вода и исперете го парчето во машина за перење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *