„Некогаш треба и да замолчите“ – љубовни совети од славните парови кои се заедно со години

Иако во светот на шоу-бизнисот има повеќе разводи и афери отколку среќни врски, некои славни успеваат да му избегаат на ова „проклетство“.

nekogash-treba-i-da-zamolchite-ljubovni-soveti-od-slavnite-parovi-koi-se-zaedno-so-godini-01.jpg

Постојат многу славни парови кои се заедно со години и со текот на време изгледаат сè посреќно и повљубено. Па, кои се нивните тајни за долг и среќен брак?

Во продолжение можете да погледнете што велат овие парови за нивните врски:

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк – 13 години заедно

Џесика Бил многу добро опиша каков партнер е Џастин:

„Партнер кој го прави она што навистина го сакаш, а тоа го радува“.

LOS ANGELES, CA – SEPTEMBER 17: 70th ANNUAL PRIMETIME EMMY AWARDS — Pictured: Actors Justin Timberlake and Jessica Biel arrive to the 70th Annual Primetime Emmy Awards held at the Microsoft Theater on September 17, 2018. NUP_184222 (Photo by Todd Williamson/NBCU Photo Bank/NBCUniversal via Getty Images via Getty Images)

Кристен Бел и Дакс Шепард – 13 години заедно

„Ако ја дефинирате врската со еден збор, тој збор ќе биде ’работа‘. Многу е важно да работите на врската, во спротивно ние не би останале заедно“, има изјавено Кристен.

Таа смета и дека:

„Ранливоста ја зајакнува врската помеѓу партнерите, па немојте да се плашите да ја покажете вашата слабост“.

nekogash-treba-i-da-zamolchite-ljubovni-soveti-od-slavnite-parovi-koi-se-zaedno-so-godini-03.jpg

Криси Тајген и Џон Леџенд – 13 години заедно

„Сакам да ја гледам како успева во она што го прави. А, таа сака да ја следи мојата кариера. Мислам дека тоа нè обединува“, вели Џон за неговата сакана.

nekogash-treba-i-da-zamolchite-ljubovni-soveti-od-slavnite-parovi-koi-se-zaedno-so-godini-04.jpg

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик – 25 години заедно

„Пред сè, ние сме пријатели и постојано комуницираме. Морате да разговарате, без разлика што се случува. Тишината е лоша“, има изјавено Метју за неговиот брак.

nekogash-treba-i-da-zamolchite-ljubovni-soveti-od-slavnite-parovi-koi-se-zaedno-so-godini-05.jpg

Том Хенкс и Рита Вилсон – 35 години заедно

„Никогаш не знаете како ќе изреагира партнерот во тешка ситуација, како дијагноза за рак. Бев многу благодарна за ова бидејќи нè зближи“, изјави Рита, која имаше рак на дојката.

nekogash-treba-i-da-zamolchite-ljubovni-soveti-od-slavnite-parovi-koi-se-zaedno-so-godini-06.jpg

Дензел и Полета Вашингтон – 40 години заедно

Според актерот, најважното нешто во врската е:

„Духовна близина, која помага во сè – брак, работа, одмор“.

nekogash-treba-i-da-zamolchite-ljubovni-soveti-od-slavnite-parovi-koi-se-zaedno-so-godini-07.jpg

Мерил Стрип и Дон Гамер – 42 години заедно

Актерката вели тајната за нивниот долг брак е:

„Добронамерноста, волјата да прифатите пораз и одвреме-навреме да замолчите“.

nekogash-treba-i-da-zamolchite-ljubovni-soveti-od-slavnite-parovi-koi-se-zaedno-so-godini-08.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *