3 природни состојки од кои косата расте побрзо

Ако ви требаат маски за ревитализација на косата по силното летно сонце, може да разгледате што имате во кујна.

3-prirodni-sostojki-do-koi-kosata-raste-pobrzo-1_resize.jpg

Постојат многу фактори кои воедно влијаат на растот на косата, но често забораваме дека најобичните состојки и масла може да помогнат.

Масло од рузмарин

Со масажа на скалпот со масло од рузмарин косата ќе го забра растот, бидејќи маслото го зацврстува коренот и ја поттикнува циркулацијата. Може да додадете и неколку капки во шампонот.

Јајце

Ако косата упорно ви пука кога малку ќе подрасне, едно обично јајце може да ја спаси. Јајцата содржат протеини кои буквално ја лечат косата.

Помешајте 2 јајца со лажица маслиново масло и додадете ½ шолја топла вода. Промешајте. Маската нанесете ја на сува, расчешлана коса и нека остане да делува половина час.

3-prirodni-sostojki-do-koi-kosata-raste-pobrzo-2_resize.jpg

Рицинусово масло

Маслото од рицинус има антимикробни и антибактериски својства кои ги „чистат“ сите непријатели кои го спречуваат растот на косата. Освен тоа, богато е со омега-3 масни киселини, витамин Е и протеини кои го обновуваат влакното.

Загрејте малку рицинусово масло и полијте го низ косата. Масирајте го скалпот и распоредете по целата должина. Нека делува најмалку 15 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *