Кеша имала секс со дух – најбизарните верувања на славните

Лејди Гага верува дека сексот ја убива креативноста, Аријана Гранде ја напаѓале демони, а верувањата на Том Круз според скиентологијата за сите се чудни – во какви чудни работи веруваат славните?

rasel-krou-imal-dokazi-za-nlo-najbizarnite-veruvanja-na-slavnite-01.jpg

Сите луѓе си имаат свои верувања, но повеќето не се многу далеку од реалноста.

Сепак, постојат и луѓе кои веруваат во секакви теории на заговор и во толку необични нешта, што не можете да ги сфатите сериозно.

И дел од познатите си имаат свои бизарни верувања и се држат до нив без разлика што сите докази им покажуваат дека се грешка.

Погледнете кои славни личности имаат најбизарни верувања:

Лејди Гага верува дека сексот ја убива креативноста

Познатата пејачка наводно верува дека жените се многу поразлични од мажите и дека нивната креативност потекнува од женските полови органи.

Во 2010-та таа дури изјави дека се воздржувала од сексуални односи, затоа што верувала дека сексот може да ѝ ја „убие“ креативноста.

rasel-krou-imal-dokazi-za-nlo-najbizarnite-veruvanja-na-slavnite-02.jpg

Канје Вест верува дека СИДА-та е лабораториска болест

Раперот редовно нè изненадува со неговите чудни изјави и верувања, а им приреди вистински шок на посетителите на концертот Live 8 во 2005-та. Концертот беше направен со цел да се зголеми свесноста за СИДА, но тогаш пејачот пред целата публика изјави:

„СИДА-та е човечки направена болест поставена во Африка, исто како дрогата крек, која беше поставена во заедниците на луѓето со темна кожа“.

Во друга прилика, Канје изјави:

„Кој има лек за СИДА? Можеби истите луѓе кои ја направија болеста“.

rasel-krou-imal-dokazi-za-nlo-najbizarnite-veruvanja-na-slavnite-03.jpg

Принц и белите траги од авионите

Некои луѓе веруваат дека белите траги што ги оставаат авионите се хемикалии направени за да му наштетат на човештвото. Луѓето кои веруваат во оваа теорија на заговор ги нарекуваат трагите chemitrails. Во истата теорија веруваше и пејачот Принц. Тој го сподели и неговото искуство со овие „хемикалии“:

„Во детството забележував многу траги од авиони на небото и одеднаш сите соседи почнуваа да се расправаат. А, јас не знаев зошто. Буквално сите се расправаа“.

rasel-krou-imal-dokazi-za-nlo-najbizarnite-veruvanja-na-slavnite-04.jpg

Кеша и духот во нејзината вагина

Во интервју од 2012-та, Кеша изјави дека имала секс со дух и дека редовно одела на „духовни патувања“:

„Сама отидов на духовно патување. Без телохранител. Без менаџери. Одев низ светот и живеев на брод“.

Следната година, пејачката изјави дека во нејзиниот сексуален живот имало „сушен“ период бидејќи, според неа, нејзината вагина била опседната од дух. Наводно, пејачката направила и егзорцизам.

Аријана Гранде и напад од демон

Во 2013-та, Аријана изјави дека имала средба со демон.

„Имав средба со дух/демон. Бевме во Канзас Сити пред неколку недели и посетивме еден опседнат замок. Следниот ден сакавме да одиме до гробишта Stull, за кои е познато дека се една од седумте порти до пеколот“, изјави пејачката.

Таа тврди дека се чувствувала лошо, во автомобилот во којшто се возеле постојано се чувствувала негативноста, а истовремено почувствувала и мирис на сулфур – нешто што било јасен знак за присуство на демон.

Наводно, пејачката се обидела да направи фотографија на гробиштата, но на неа се појавиле три лица кои личеле на демони. Неколку денови подоцна, кога била во нејзината хотелска соба, таа повторно забележала нешто „демонско“, но сфатила дека ова суштество се хранело од страв, па решила да покаже храброст.

„Гледав како се движи пред мојот кревет, а потоа заспав. Кога се разбудив, го немаше“.

rasel-krou-imal-dokazi-za-nlo-najbizarnite-veruvanja-na-slavnite-06.jpg

Том Круз и скиентологијата

Сте се запрашале ли некогаш во што веруваат луѓето кои се дел од скиентолошката црква? Том Круз е еден од најпознатите членови на оваа црква, но ќе останете без зборови кога ќе сфатите во што всушност верува.

На пример, следбениците на религијата, или култот, не веруваат дека постојат проблеми со менталното здравје. Истовремено, тие веруваат дека некој вонземјанин ги донел луѓето на Земјата пред 75 милиони години. И Том Круз верува во сето ова.

rasel-krou-imal-dokazi-za-nlo-najbizarnite-veruvanja-na-slavnite-07.jpg

Меган Фокс и бројни суеверија

Меган Фокс верува во многу нешта – од постоењето на Бигфут, па сè до постоењето на лепрекони. Бидејќи актерката има страв од летови, таа е убедена и дека ако ја слуша Бритни Спирс додека е во авион, ќе преживее.

rasel-krou-imal-dokazi-za-nlo-najbizarnite-veruvanja-na-slavnite-08.jpg

Аксел Роуз и буквата М

Фронтменот на Guns N Roses е убеден дека буквата М е проколната и ја избегнува по секој цена. Тој дури и избегнувал да настапува во градови чие име почнува на буквата М, верувајќи дека се ова ќе ја избегне „лошата среќа“.

rasel-krou-imal-dokazi-za-nlo-najbizarnite-veruvanja-na-slavnite-09.jpg

Расел Кроу и докази за НЛО

Во 2013-та, актерот сподели неколку фотографии на Twitter, кој ги направил самиот, и за кои тврдеше дека се доказ за НЛО. Набрзо потоа фановите се обидоа да ги побијат доказите на актерот и оние кои знаат повеќе за камери и снимање изјавија дека фотографиите се направени од тајмлапс видео и дека на нив нема ништо необично.

rasel-krou-imal-dokazi-za-nlo-najbizarnite-veruvanja-na-slavnite-10.jpg

Теренс Хауард верува дека математиката е погрешна

Според актерот, важи правилото 1×1 = 2.

„Како може 1 помножено со 1 да биде еднакво на 1? Ако ова е точно, тоа значи дека 2 нема никаква вредност, бидејќи 1 помножен сам со себе нема ефект. 1 помножено со 1 е 2 бидејќи квадратниот корен од 4 е 2. Па, кој е квадратниот корен од 2? Треба да биде 1. Но, ни велат дека е 2 и тоа не може да биде точно“, има изјавено тој.

Ако не сфативте ништо, немојте да се грижите. Објаснувањето на актерот нема никаква смисла, а содржи и грешки – квадратен корен од 2 не е 2, туку 1,414.

rasel-krou-imal-dokazi-za-nlo-najbizarnite-veruvanja-na-slavnite-11.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *