Кулинарски трикови за оние кои не сакаат да поминуваат долго време во кујна

За разлика од оние кои уживаат со часови да се заглават во кујна, има и такви кои сакаат што побрзо да завршат со готвењето.

kulinarski-trikovi-za-onie-koi-ne-sakaat-da-pominuvaat-dolgo-vreme-vo-kujna-01.jpg

За втората група нудиме кулинарски трикови со кои полесно ќе се снаоѓате во кујна без да се нервирате кога ви се брза.

Трикови кои ќе ви се најдат за во кујна:

1. Направете си брз оброк од леб и кашкавал. Исечете ги крајчињата од тост лепче, ставете парче кашкавал одозгора, замотајте го лепчето и ставете го на тавче на путер.

kulinarski-trikovi-za-onie-koi-ne-sakaat-da-pominuvaat-dolgo-vreme-vo-kujna-02.jpg

2. За да не ја чекате водата да се свари кога правите јајца, ставете во тенџере жешка вода, ставете ги јајцата и поклопете со капак. Јајцата ќе се сварат многу побрзо.

kulinarski-trikovi-za-onie-koi-ne-sakaat-da-pominuvaat-dolgo-vreme-vo-kujna-03.jpg

3. Ако сакате пржени јајца со салама, исечете го парчето месо на 4 дела и малку одвојте ги. Скршете го јајцето одозгора – така белката нема да се разлее подалеку од саламата, а жолчката ќе остане во средина.

kulinarski-trikovi-za-onie-koi-ne-sakaat-da-pominuvaat-dolgo-vreme-vo-kujna-04.jpg

4. Ако смрзнете варено јајце, потоа го излупите и исечете на кругови кои ќе ги ставите да се пржат, ќе добиете мини јајца на око. Овие јајца може да ги користите за во сендвич наутро кога брзате за работа.

kulinarski-trikovi-za-onie-koi-ne-sakaat-da-pominuvaat-dolgo-vreme-vo-kujna-05.jpg

5. Мешаните салати спакувани во кесички се практични, но најчесто немаат долг рок на траење. Ако ви останало салата и не е добра за да ја јадете свежа, малку запржете ја на маслиново масло, додадете лук и плус друг зеленчук по вкус и ќе добиете здрав оброк. Може да ја јадете и со паста.

kulinarski-trikovi-za-onie-koi-ne-sakaat-da-pominuvaat-dolgo-vreme-vo-kujna-06.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *