„Многу значајно име за нас“ – По Гасол ја крсти ќеркичката по Џиџи, која загина со неговиот соиграч Коби Брајант

По Гасол и неговата сопруга добија ќерка, и ја крстија во спомен на Џиџи, ќерката на неговиот поранешен соиграч Коби, а Ванеса Брајант е кума.

pau-gasol-dobi-kjerka-ja-krsti-po-djidji-koja-zagina-so-kobi-brajant-01.jpg

Кошаркарот По Гасол доби ќерка, а среќната вест ја соопшти на социјалните мрежи. Она што остави впечаток е средното име на ќеркичката, кое е во спомен на Џиџи, ќерката на неговиот поранешен соиграч, Коби Брајант.

Гасол и Брајант играа заедно во Lakers, a до неговата смрт останаа блиски пријатели, па токму затоа името на новородената ќеркичка му е толку значајно.

Тој објави неколку фотки и напиша:

„Нашата малечка конечно пристигна. Породувањето помина добро и не може да сме посреќни. Елизабет Џиана Гасол, многу значајно име за нашата прекрасна ќерка!“

Гасол останал близок со семејството на Коби, а Ванеса Брајант на нејзиниот Инстаграм му упати честитки и објави дека ќе биде кума на детето.

„Мојата кумашинка пристигна. Честитки! Ве сакам тројцата многу! Трогната сум од вашето барање да ѝ оддадете почит на мојата Џиџи. Едвај чекам да ја запознаам Елизабет Џиана Гасол.“

pau-gasol-dobi-kjerka-ja-krsti-po-djidji-koja-zagina-so-kobi-brajant-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *