Совршен летен десерт: Мини такоси со фил од бисквити и свежо овошје

Мини амерички палачинки во комбинација со освежителен фил и овошје – идеален рецепт за освежување во летните денови.

sovrshen-leten-desert-mini-takosi-so-fil-od-biskviti-i-svezho-ovoshje-01.jpg

Ако не сте од оние кои сакаат тешки, чоколадни десерти, овие мини такоси се како измислени за вас.

Наместо класични такоси, направете мини американски палачинки, подгответе го филот и додадете овошје по желба.

Потребни состојки

За палачинки (околу 12 парчиња | може да направите и палачинки по свој рецепт):

  • 200g брашно
  • 2 лажици шеќер
  • ½ лажица сода бикарбона
  • 1.5 лажица прашок за печиво
  • Прстофат сол
  • 2 јајца
  • Околу 200ml млеко
  • Неколку капки екстракт од ванила

За фил:

  • 250g маскарпоне
  • 100ml крем за шлаг
  • 1-2 лажици шеќер во прав
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 80g мелени бисквити

Начин на подготовка:

  • Измешајте ги сувите состојки за палачинките.
  • Јајцата и течните состојки измешајте ги додека смесата не стане пенаста и истурете ја во сувата смеса. Измешајте добро да се соедини.
  • Оставете ја смесата 15 минути на собна температура.
  • На загреана тава и премачкана со масло, на тивок оган правете по 2 мини палачинки одеднаш.
  • Кога ќе се појават меурчиња на горната страна, палачинката превртете ја да се испече од другата страна.
  • За филот, измешајте ги со миксер маскарпоне сирењето и шлагот.
  • Додадете ги останатите состојки за филот и измешајте да добиете соединета смеса.
  • Во средина на палачинките ставете дебел слој од филот, а одозгора наредете овошје по желба.
  • Завртете ги на половина палачинките за да добијат изглед на такоси и наредете ги тесно една до друга.
sovrshen-leten-desert-mini-takosi-so-fil-od-biskviti-i-svezho-ovoshje-04.jpg
sovrshen-leten-desert-mini-takosi-so-fil-od-biskviti-i-svezho-ovoshje-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *