„Бев во врска без секс со години и тоа ме скрши“

bev-vo-vrska-bez-seks-so-godini-i-toa-me-skrshi-01.jpg

Исповед на девојка која минала долго време во врска без секс…

„Ќе имаме ли конечно секс викендов?“… Го прашав партнерот со кого бев заедно 5 години и срцето ми се кршеше додека се подготвував за одбивање.

Немавме секс со месеци. Бев навикната на тоа, но сè уште се надевав дека ќе ми одговори поинаку овојпат.

„Да, најверојатно“, ми одговори без ентузијазам. Срцето ми се кршеше затоа што знаев што навистина значи тоа: „Не, нема да имаме секс, но преку глава ми е да дискутирам за тоа сега.“

Не бевме отсекогаш вака. Кога почнавме да се состануваме, нашиот сексуален живот беше фантастичен. Осум месеци имавме секс секој ден, па дури и двапати на ден. Имаше страст и возбуда, тоа правеше да се чувствувам жива.

bev-vo-vrska-bez-seks-so-godini-i-toa-me-skrshi-05.png

Кога ни помина фазата на меден месец, нашиот сексуален живот стивна, но сè уште бевме интимни и вљубени.

Но, по две години во врска работите тргнаа на лошо. Мене ми беше дијагностицирана хронична болест, а тој се бореше за да ја задржи работата. Живеевме заедно веќе една година и тешко ни беше да ја плаќаме киријата.

И покрај лошите работи кои ни се случија, јас се трудев да останам блиска со него затоа што нели, низ лошите работи треба да се минува заедно како тим, но тој почна да се оддалечува од мене. Како емоционално да се дисконектираше.

bev-vo-vrska-bez-seks-so-godini-i-toa-me-skrshi-02.jpg

Страстните бакнежи се претворија во кратки бакнежи за добро утро, како да му станав навика, а не партнерка.

Нашиот сексуален живот почна да страда. Имавме секс одвреме навреме, но повеќе не бевме интимно блиски. Не го чувствував близок, умот ми беше на друго место.

Ќе му споменев за тоа, но тој ми кажуваше дека само е мрзелив и дека му е комфорно во врската, дека не е до мене, дека сè уште ме сака и ме чувствува привлечна и ќе се обиде да ги подобри работите.

Но, оттогаш работите само се влошуваа.

Јас отсекогаш цврсто верував дека сексот е витален за една здрава врска и повеќе не знаев како да се обидам да иницирам физичка интимност помеѓу нас.

Лежевме во кревет и се обидував да започнам нешто, но тој ќе ми ги тргнеше рацете и ќе кажеше дека не се чувствува добро. Гледавме филмови легнати на различни кревети, а со тек на времето почнавме и најголемиот дел од времето да го минуваме во различни соби.

Се чувствував понижено, но уште го сакав и за доброто на нашата врска одлучив јасно и гласно да му „побарам“ секс, а тој во најголемиот дел од времето ми одговараше „Подоцна“ и нормално тоа не се случуваше никогаш.

Ќе облечев дури и нова секси долна облека, а тој ќе кажеше дека го боли главата и потоа ја минував ноќта плачејќи во тишина.

Престанав да иницирам секс, емоционално затапев.

bev-vo-vrska-bez-seks-so-godini-i-toa-me-skrshi-03.png

Се грижев дека повеќе не сум му привлечна, дека не ме сака или дека има друга.

Нашата врска беше готова, но јас останав уште долго време затоа што делевме дом, но во мене се всади некоја длабока тага. Особено кога моите пријатели зборуваа за нивниот активен сексуален живот станував свесна дека тоа што се случува во мојата врска не е нормално и дека мора да ставам крај.

Во последните две години од врската имавме секс двапати и секој пат ми олеснуваше кога завршувавме со чинот. Како да го правевме само за да кажеме дека сме го направиле и да не мора да го споменуваме тоа најмалку во наредите 6 месеци.

Конечно, по 5 години заедно раскинавме. Тој ме изневерувал со неколку жени од работа. За една од нив ме остави и 10 дена по крајот на нашата врска стапи во врска со неа.

Колку и да бев повредена работите имаа смисла. Се прашував зошто неговото либидо е ниско, дури му велев да оди на доктор (тој одби), но изгледа дека тој немал сексуална желба со мене и се задоволувал на друго место.

bev-vo-vrska-bez-seks-so-godini-i-toa-me-skrshi-04.jpg

Долго време потоа бев скршена и убедена дека никој нема да ме сака никогаш повторно. Годините одбивање влијаеа на мојата самодоверба.

Но, две години подоцна сретнав некој и конечно сум среќна. Сепак, тоа што бев во врска без секс имаше долгорочен ефект врз мене и врз начинот на кој се гледам како сексуално суштество.

Се обидувам да си ја вратам самодовербата за да иницирам секс природно, без тоа да ме прави анксиозна. Учам да се сакам себе и да бидам спонтана.

Но, за среќа сум со партнер кој ме разбира и со кој можам отворено да разговарам. Со него имам природна интимност, а не исфорсирана, па така и сексот е многу подобар. Едноставно, постои сексуална поврзаност.

Со време работите сосема ќе се подобрат, знам затоа што сега сум со вистинскиот партнер кој ме поддржува.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *