Библиотека во Мелбурн направила листа со сите постари членови – ги проверуват во време на пандемија

Овие вести дефинитивно ни ја враќаат вербата во човештвото и човечноста – колку би било добро ако сите институции се вака организирани и хумани?

biblioteka-vo-melburn-napravila-lista-so-site-postari-chlenovi-gi-proveruvat-vo-vreme-na-pandemija-01.jpg

Кога библиотеката Yarra Plenty во Мелбурн се затворила во март, персоналот бил испратен дома со телефони и листа со сите членови кои се постари од 70 години, за да им се јават и да ги проверат за време на пандемијата.

Сите 8.000 стари лица кои биле членови на библиотеката биле контактирани, од страна на библиотекарите.

„Им се јавивме да ги поздравиме, да видиме како се и дали им треба помош со нешто. Ќе им се понудевме за каква било помош. Она што го увидовме, е дека луѓето навистина беа расположени за разговор и им се допадна нашата идеја. Некои повици траеја 5 минути, а некои по 1 час.“ – велат од библиотеката.

За време на пандемијата, покрај тоа што се грижеле за постарите членови, тие наоѓале и нови начини да ги задоволат сите – од достава на книги и оставање во сандаче до дигитализација.

За сите било тешко тоа што морало да се разделат, бидејќи библиотеката до пред пандемијата функционирала како една заедница, па се обиделе да го задржат духот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *