Омразата помеѓу Иванка и Меланија Трамп + најновиот моден погодок на Меланија

И додека во модните избори е непогрешлива, во односот со Иванка Трамп дефинитивно не ѝ цветаат рози, Меланија за неа дури има и специјален прекар.

omrazata-pomegju-ivanka-i-melanija-tramps-najnoviot-moden-pogodok-na-melanija-01.jpg

Меланија Трамп (50) одржа дискусија на округла маса облечена во бел миди фустан од брендот Max Mara, а на стајлингот му даде свој печат облекувајќи портокалови чевли.

Таа уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона.

Инаку, периодов е во фокусот на медиумите поради книгата на нејзината поранешна пријателка и советник Стефани Винстон Волкоф во која таа открива детали за Меланија, а дури тврди дека имала и снимени разговори со неа и планирала да ги објави.

omrazata-pomegju-ivanka-i-melanija-tramps-najnoviot-moden-pogodok-na-melanija-05.jpg
omrazata-pomegju-ivanka-i-melanija-tramps-najnoviot-moden-pogodok-na-melanija-08.jpg

Во книгата „Melania and Me: The Rise and Fall of My Friendship With the First Lady“ Стефани пишува и за непријателството помеѓу Меланија и ќерката на Доналд, Иванка Трамп. Наводно Меланија уште одамна имала план да ја блокира Иванка да не биде дел од претседателската трка на Доналд.

omrazata-pomegju-ivanka-i-melanija-tramps-najnoviot-moden-pogodok-na-melanija-09.jpg
omrazata-pomegju-ivanka-i-melanija-tramps-najnoviot-moden-pogodok-na-melanija-07.jpg

Наводно и сега во 2020 ситуацијата не е променета и тензијата помеѓу нив е видлива. Иванка поминува покрај Меланија игнорирајќи ја, а таа става само вештачка насмевка која бледее.

omrazata-pomegju-ivanka-i-melanija-tramps-najnoviot-moden-pogodok-na-melanija-03.jpg

Меланија за Иванка и нејзиниот сопруг имала мислење дека се змии, тврди Стефани, а Меланија дури ѝ смислила прекар на Иванка „принцеза“.

omrazata-pomegju-ivanka-i-melanija-tramps-najnoviot-moden-pogodok-na-melanija-04.jpg

Дури не сакала да носи креации од дизајнери кои Иванка ги носела.

omrazata-pomegju-ivanka-i-melanija-tramps-najnoviot-moden-pogodok-na-melanija-02.jpeg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *