Платиле 95.000 долари за откривање на полот на бебето на Бурџ Калифа (видео)

Забавите за откривање на пол на бебето кое го очекуваат паровите станаа особено популарни низ целиот свет последниве години. И додека луѓе немаат што да јадат, двојка во Дубаи дала околу 95.000 долари за ова „изненадување“.

platile-95000-dolari-za-otkrivanje-na-polot-na-bebeto-na-burj-khalifa-01.jpg

Тие го откриле полот на уникатен начин, со специјални ефекти, на највисоката зграда во Дубаи – Бурџ Калифа.

На социјалните мрежи беа осудени за овој чекор:

„Ужасно. За 10 секунди да изгубиш 95.000 долари. Колку само фамилии можеле да нахранат со овие пари?“

Но, имаше и луѓе кои застанаа на нивна страна:

„Браво. Тоа се нивни пари и ќе прават со нив што сакаат. Луѓето мораат да престанат да им кажуваат на другите како да ги трошат своите пари.“

Се шпекулира дека видеото е суптилна реклама за познатата градежна компанија ЕМААР.

Кој е вашиот став за вакви забави за „откривање на полот“?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *