Сакаше да биде жива Барбика: Зависничка од пластични операции за влакно ја избегнала смртта (фото)

Дури и кога докторите ја одбивале со образложение дека операцијата е опасна, Пикси одела во Индија и Иран да прави корекции на себе. Болна и опасна зависност…

saka-da-bide-zhiva-barbika-koga-kje-izvadish-6-rebra-za-da-imash-bizarno-tenok-struk-foto-01.jpg

Пикси Фокс е 30-годишна Швеѓанка која се преселила во САД за да си ги исполни своите соништа. Вели дека во Шведска никогаш не се чувствувала како дома.

Таа е вљубеник во пластичните операции и досега има направено повеќе од 70 за да го модифицира своето тело и да личи на жива Барбика.

Од операции за вадење на ребра, до импланти во градите, операции на ушите и носот, Пикси комплетно го променила својот изглед. Вадењето на 6-те ребра направило да има ултра тенок струк.

Вели дека дури трансплантирала влакна од нејзината коса на трепките.

Поголемиот дел од нејзините пластични операции се ризични и опасни. Пикси со одредени непромислени операции дури се ставала на ризик да ослепи или да остане парализирана.

Многу доктори ја одбивале за операции и некои од операциите ги изведува дури и во Индија и Иран.

Но, за жал од една од операциите завршила една седмица во кома. Вели дека моментално закрепнува во родната Шведска и обвинува дека еден доктор со својата несовесна работа ѝ предизвикал оштетување на мозокот. Вели дека нејзиниот живот за малку ќе завршел поради него и испраќа предупредувања до другите девојки да не му веруваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *