Џем од кромид – Рецепт за слатко-солен експеримент

Ако сте подготвени малку да експериментирате со зимниците и џемовите оваа година, ви предлагаме да направите неколку тегли џем од кромид.

dzem-od-kromid-recept-za-slatko-solen-eksperiment-01.jpg

Потребно ви е:

  • 1kg кромид
  • 60g кафеав шеќер
  • 60ml балсамико
  • 100ml црвено вино
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло
  • Путер

Подготовка:

  • Исечкајте го кромидот на кругови, промешајте го маслиновото масло со средна коцка путер и динстајте го кромидот околу 15 минути.
  • Додадете го кафеавиот шеќер и динстајте уште 15 минути. На крај додадете го балсамико оцетот.
  • Црвеното вино, солта и биберот се ставаат на самиот крај и се динста околу 45 минути.
  • Овој џем може да го послужите со месо, риба, на крекери или брускети, во комбинација со потешки кашкавали и сирења…
dzem-od-kromid-recept-za-slatko-solen-eksperiment-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *