Бесна невеста: „Очекував подарок во плик, а не ваква глупост!“

Бесна невеста на Reddit сподели фотографија од подарок кој го добила за свадба. Подарокот е кутија со грицки.

besna-nevesta-ochekuvav-podarok-vo-plik-a-ne-vakva-glupost-01.jpg

Невестата Лаура, од Канада, се пожалила дека имала свадба со 210 гости која ја чинела 34.000 долари.

Таа вели дека очекувала сите да им донесат пари за подарок за да ги покријат трошоците, а потоа ја удрил „студен туш“ кога ги видела грицките.

На подарокот било назначено дека е од Кејти, а Лаура решила да не премолчи и испратила порака.

„Фала ти што беше на нашата свадба. Не знам дали некогаш си била присутна на нечија венчавка, но, да знаеш, треба да донесеш подарок во плик (пари). Ти и твојата придружба нас не чиневте 200 долари, а добивме бонбони. Венчавката служи за да им помогнете на младите да почнат заеднички живот!“ – пишува невестата.

besna-nevesta-ochekuvav-podarok-vo-plik-a-ne-vakva-glupost-02.jpg

Кејти ѝ одговорила:

„Очигледно имаш манири еднакви на нула. Не ме интересира што мислиш за подарокот, затоа што секој нормален човек се радува на внимание, какво и да е. Ако сакаш свадба, направи свадба која можеш да ја финансираш, а не да очекуваш да ти ја платат гостите и да заработиш.“ – одговорила Кејти.

Кој е вашиот став? Чија страна ќе ја заземете?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *