Креативни или себични: Што открива формата на предните заби за вашиот карактер?

Морфопсихологијата е наука која се користи за евалуација на карактерот на личноста според неговиот физички изглед. Забите се најчесто првото нешто кое ви паѓа во очи кога стапувате во контакт со некого.

kreativni-ili-sebicni-sto-otkriva-formata-na-prednite-zabi-za-vasiot-karakter-01.jpg

Четирите можни форми на предните заби ги прикажуваат четирите основни типови на темпераменти дефинирани од Хипократ.

Па, какви се вашите заби? А, забите на вашите блиски?

Овални предни заби

Уметничка и креативна душа. Имате око за детали, свесни сте дека и ситниците може да направат голема разлика. Способни за емпатија. Тешко ви е подолго време да се концентрирате на една иста работа.

kreativni-ili-sebicni-sto-otkriva-formata-na-prednite-zabi-za-vasiot-karakter01.jpg

Квадратни предни заби

Мирна личност која добро ги контролира своите емоции. Поради вашиот резервиран карактер, честопати оставате впечаток дека сакате да сте сами и на дистанца.

kreativni-ili-sebicni-sto-otkriva-formata-na-prednite-zabi-za-vasiot-karakter02.jpg

Триаголни предни заби

Вечен оптимист, безгрижна и динамична личност. Сакате да бидете помеѓу луѓе, лесно стекнувате пријателства. Вашиот најголем страв е да не останете сами.

kreativni-ili-sebicni-sto-otkriva-formata-na-prednite-zabi-za-vasiot-karakter03.jpg

Правоаголни предни заби

Родени шефови. Имате потенцијал на силен лидер. Одлучни сте и секогаш ги остварувате зацртаните цели. Честопати сте фокусирани кон себе, па ве сметаат за себичен егоист.

kreativni-ili-sebicni-sto-otkriva-formata-na-prednite-zabi-za-vasiot-karakter04.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *