Зошто навечер на шипките од чадорите на плажа има поставено пластични шишиња?

Многу од малите, локални плажи, без разлика дали кај нас или во странство, навечер кога ги собираат чадорите за сонце, на металните постојки ставаат пластични шишиња. Зошто?

zosto-navecer-na-shipkite-od-cadorite-na-plaza-ima-postaveno-plasticni-shishinja-01.jpg

Не се за одбележување на територија или слично, како што многумина претпоставуваат.

Обично, пластичните шишиња стојат до наредното утро, додека повторно чадорите не бидат поставени.

Причината е многу поедноставна од очекуваното.

zosto-navecer-na-shipkite-od-cadorite-na-plaza-ima-postaveno-plasticni-shishinja-02.jpg

Навечер, има многу луѓе и туристи кои своеволно одат и седат на празните плажи, но за да ги заштитат од било каков ризик или незгода кога е темно, сопствениците на плажата смислиле вакво евтино, а сепак ефективно решение.

Постојките во облик на метални шипки може да бидат сериозно опасни доколку не ги видите во темница, а одблесокот од пластичните шишиња сигурно полесно ќе го видите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *