16 (непријатни) знаци дека раскинувањето било правилната одлука

Иако звучи тажно, факт е дека некои врски мора да завршат со раскинување, но некогаш тоа е добар избор.

16-neprijatni-znaci-deka-raskinuvanjeto-bilo-pravilnata-odluka-01.jpg

Причини за разделба има безброј, но понекогаш, откако ќе ја донесете таа одлука, нормално е да се запрашате дали сте го направиле вистинскиот чекор. Почнувате да се сомневате дека сте изгубиле многу добра личност и се плашите дали повторно ќе најдете љубов.

Некогаш можеби раскинувањето било грешка, но ако ги забележите овие нешта, тогаш тоа дефинитивно бил вистинскиот избор:

1. Се чувствувате како одново да се запознавате и дури сега сфаќате дека никогаш не сте одвојувале време за себе.

2. Иако можеби ги мразите осамените денови и ноќи, сè почесто се чувствувате смирено. Веќе знаете дека кога ќе помине тагата ќе ви биде многу, многу подобро.

3. Ви недостасува личност со којашто можете да разговарате, но сфаќате дека не ви недостасуваат разговорите со бившиот.

4. Кога размислувате за иднината, можеби ви изгледа страшна, но барем не се чувствувате задушено.

16-neprijatni-znaci-deka-raskinuvanjeto-bilo-pravilnata-odluka-02.jpg

5. Конечно имате можност да сфатите што сакате. Со задоволство го минувате времето читајќи, гледајќи филмови што вам ви се интересни, излегувајќи на места каде што вие сакате … Среќни сте што повеќе не мора да правите компромиси за сè.

6. Иако сега сте навистина тажни, знаете дека набрзо ова чувство ќе помине и дека ќе бидете посреќни од кога било.

7. Кога болката од раскинувањето станува неподнослива, доволно е да помислите колку полошо би ви било ако сè уште бевте со таа личност. Истовремено, не ни помислувате на смирување.

8. Почнувате да се обидувате да уживате во вашето друштво и сами наоѓате начини да се расположите.

16-neprijatni-znaci-deka-raskinuvanjeto-bilo-pravilnata-odluka-03.jpg

9. Забележувате дека врските со пријателите и семејството се подобруваат и зајакнуваат.

10. Кога плачете за пропаднатата врска, чувствувате олеснување, а не очај и безнадежност.

11. Почнувате да пробувате нови нешта, и тоа нешта надвор од вашата удобна зона. Јасно ви е дека никогаш не би ги направиле овие работи ако сè уште бевте со таа личност.

12. Почнувате да учите работи за себе што не би ги научиле ако останевте во таа врска. Ви станува јасно дека не ви треба ничие признание освен вашето, а вашата самодоверба не престанува да расте.

16-neprijatni-znaci-deka-raskinuvanjeto-bilo-pravilnata-odluka-04.jpg

13. Се осмелувате да си ги поставите важните непријатни прашања – Што ќе правам со кариерата? Дали ги надградувам моите знаења? Дали да се преселам во друг град?

14. Под целата болка и осаменост, длабоко во себе се чувствувате смирено. А, ова чувство станува посилно со секој изминат ден.

15. Без разлика колку изгубено се чувствувате во моментот, во вас уште постои надеж за подобро утре.

16. И покрај сите негативни чувства во моментот, знаете дека е подобро да го надминете ова и да станете посилни, отколку да се помиревте со врска која не функционира.

16-neprijatni-znaci-deka-raskinuvanjeto-bilo-pravilnata-odluka-05.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *