За моментите кога немате омекнувач дома – лесен „направи сам“ производ за мека и мирислива облека

Сигурно може да се пронајдете во оваа ситуација – штотуку ја наполнивте машината со валкани алишта, е немате капка омекнувач. Без грижа, постои лесен и едноставен „рецепт“ како да се снајдете. Облеката ќе биде мека и мирислива.

Za-momentite-koga-nemate-omeknuvac-za-alista-01.jpg

Потребно ви е:

  • 6 шолји вода
  • 3 шолји бел оцет
  • 2 шолји регенератор за коса

Добро помешајте ги сите состојки и складирајте го вашиот нов омекнувач во тегла со капаче што добро се затвора.

Внимавајте да не ги мешате состојките премногу брзо, со цел да не се направи пена. Мешајте нежно и полека додека не добиете еднолична смеса.

Употребете иста количина како и нормален омекнувач. Вашата облека ќе биде неверојатно мека и ќе мириса прекрасно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *