Полнети, запечени палачинки со сезонски зеленчук

Полнење кое наликува на познатиот француски специјалитет рататуи, овој рецепт ќе ве воодушеви поради својата едноставност и добриот вкус.

Polneti-zapecheni-palacinki-so-zelencuk-01.jpg

Во стандардната смеса за палачинки наместо шеќер додадете само сол, а може да ги зачините дополнително со омилените зачини. Одлична идеја е да додадете магдонос, малку куркума, димена црвена пиперка или чили зачин.

Доколку сте љубители на месо слободно можете покрај полнењето со зеленчук да додадете и колбас или малку сланина.

Потребни состојки

Зеленчукот може да биде по избор зависно од сезоната, а количината по избор:

  • Палачинки
  • 1 црвена пиперка
  • 1 кромид
  • 1 патлиџан
  • 1 тиквичка
  • 1 чешне лук
  • 400 g пелат домати
  • Сол, бибер и свеж сечкан босилек
  • Моцарела
  • Кашкавал за одозгора
  • Маслиново масло

Начин на подготовка:

  • Во тава загрејте го маслиновото масло па додадете го сечканиот кромид. Додадете го зеленчукот исечкан на коцки и гответе околу 5 минути, а иситнетиот лук додадете го на крај, 20-тина секунди.
  • Зачинете и додадете ги пелат доматите. На крајот ставете го свежиот босилек.
  • Загрејте ја рерната на 200°C.
  • Наполнете ја секоја палачинка со подготвениот сос од зеленчук и додадете рендана моцарела, а потоа завиткајте ја секоја.
  • Подредете ги наполнетите палачинки во огноотпорен сад премачкан со масло и печете ги околу 10 минути.
  • Пред крајот може да додадете кашкавал или моцарела одозгора и да печете додека не се растопи.
  • По печењето може да ги прелиете со сос од грчки јогурт, зачини и лук, по желба, овој дел е опционален секако.
Polneti-zapecheni-palacinki-so-zelencuk-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *