Таа има 83, тој 45: Уште уживаме во сексот и сме во среќен брак!

Таа има 83 години, тој има 45, веќе 15 години се во среќен брак, а тврдат и дека имаат успешен и исполнет сексуален живот.

taa-ima-83-toj-45-uste-uzivame-vo-seksot-i-sme-vo-sreken-brak-01.jpg

Една и Сајмон Мартин се еден од оние парови кои секаде привлекуваат внимание заради нивната разлика во години – таа е постара 38 години.

„Ние сме интимни сè уште, како и секој друг заљубен пар. Честопати се бакнуваме и на улица, додека минувачите ни упатуваат чудни погледи.“

taa-ima-83-toj-45-uste-uzivame-vo-seksot-i-sme-vo-sreken-brak03.jpg

Една и Сајмон се запознале во 2003-та година, и таа му е прва девојка. Во неа се вљубил на прв поглед.

„Бев на концерт. Доцнев и влегов од излезот за итни случаи. Таа ми ја отвори вратата и јас веднаш се вљубив!“

taa-ima-83-toj-45-uste-uzivame-vo-seksot-i-sme-vo-sreken-brak02.jpg

Иако медиумите се сомневале и коментирале дека Една само си бара некој што ќе ѝ служи како играчка, тие се веќе 15 години во брак.

Една е веќе баба на четири внучиња, а вели дека нивната љубов само зајакнува со тек на време.

taa-ima-83-toj-45-uste-uzivame-vo-seksot-i-sme-vo-sreken-brak01.jpg

„Тој има здравствени проблеми, а јас стареам, но знаете некој кој се подмладува со годините?“ – прашува оваа бабичка.

Една од претходниот брак има две деца, ќерка (59) и син (57), постари од Сајмон, но го поддржуваат нивниот брак со задоволство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *