Како во кафез: Луѓе во Јужна Кореја живеат во соби од 4 m² (фото)

Кириите за изнајмување на стан во Сеул се вртоглаво високи, па многу луѓе живеат во вакви соби со скромни услови. Како заробени во кафез…

kako-vo-kafez-zhiveenje-vo-sobi-od-4-m-vo-juzhna-koreja-foto-01.jpg

Јужна Кореја е позната по богатата култура, високите облакодери и развиената технологија, но таа има и една мрачна страна – сиромашни квартови, скапи кирии и живот во мал простор.

Фотографот Сим Кји Донг прикажува како живее дел од најсиромашното население во оваа држава во соби од 4 m².

Овие мали соби се наречени „Goshiwon“ и во нив има кревет, биро, плакар, а понекогаш и фрижидер, телевизор и комјутер. Тоалетот најчесто го делите со станарите од другите соби.

Тука живеат луѓе кои останале без дом или пак имаат психички и физички проблеми и иако овие мали соби изгледаат очајно, тие за некои луѓе се зрак надеж во животот.

За изнајмување на стан во Сеул ви е потребен огромен депозит, па овие соби се добро решение за луѓето со мали примања.

Првенствено овие соби биле смислени за оние кои се подготвувале за некои тешки тестови за да можат да учат на мир.

Ваква соба можете да изнајмите за 200 долари месечено, а ако сакате таа да е со подобри услови, тогаш кирија ќе биде 500 долари. Доколку сакате соба со сопствен тоалет, тоа ќе ве чини дополнително пари. Се доплаќа и за соба со прозорец.

Дали би можеле да замислите живот во вакви услови?

kako-vo-kafez-zhiveenje-vo-sobi-od-4-m-vo-juzhna-koreja-foto-02.jpg
kako-vo-kafez-zhiveenje-vo-sobi-od-4-m-vo-juzhna-koreja-foto-09.jpg
kako-vo-kafez-zhiveenje-vo-sobi-od-4-m-vo-juzhna-koreja-foto-08.jpg
kako-vo-kafez-zhiveenje-vo-sobi-od-4-m-vo-juzhna-koreja-foto-07.jpg
kako-vo-kafez-zhiveenje-vo-sobi-od-4-m-vo-juzhna-koreja-foto-06.jpg
kako-vo-kafez-zhiveenje-vo-sobi-od-4-m-vo-juzhna-koreja-foto-05.jpg
kako-vo-kafez-zhiveenje-vo-sobi-od-4-m-vo-juzhna-koreja-foto-04.jpg
kako-vo-kafez-zhiveenje-vo-sobi-od-4-m-vo-juzhna-koreja-foto-03.jpg

Погледнете и видео како изгледа животот во вакво сместување:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *