Како да сте на Блед – направете си домашна, крцкава кремпита

Посетата на езерото Блед не може да помине без традиционалната кремпита, а оваа сезона изгледа е најдобро сами да си ја направиме.

kako-da-ste-na-bled-napravete-si-domashna-krckava-krempita-01.jpg

Неодолива крцкава пита полнета со фил од ванила за која вреди да вложите малку труд во кујна.

Можеби ќе ве потсети и на грчките кремпити, па ќе ве однесе на гастрономско патување од дома.

Потребни состојки:

  • 1 ролна готово лиснато тесто
  • 6 јајца
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 пакетче пудинг од ванила во прав
  • 1 l млеко
  • 150g брашно
  • 3l слатка павлака/хопла
  • 50g шеќер во прав
  • 150g шеќер
  • 1 лажица рум
kako-da-ste-na-bled-napravete-si-domashna-krckava-krempita-03.jpg

Начин на подготовка:

  • Поделете го тестото на два еднакви дела и расукајте ги колку што е можно потенко во правоаголна форма.
  • Двете парчиња тесто се разнесуваат по целата површина за да се избегнат меурчиња во тестото.
  • Ставете да се печат на 220ᵒС околу 15 минути, но одвоено.
  • Потоа се подготвува кремот од пудинг. Измешајте ги во сад шеќерот и ванилиниот шеќер во ½ литар млеко и ставете да се вари.
  • Во меѓувреме, во друг сад, измешајте го пудингот во прав со 2 жолчки, брашното и другата половина литар млеко.
  • Кога млекото од првиот сад ќе се свари, истурете ја мешавината во смесата со жолчките и пудингот.
  • Мешајте постојано и додадете ја лажицата рум, а потоа оставете малку да се излади.
  • Изматете 4 белки и пената ставете ја во кремот од пудинг.
  • Истурете ја мешавината на еден слој од тестото кое ќе стои врз хартија за печење, распоредете го еднакво кремот насекаде и ставете го во фрижидер.
  • Во меѓувреме изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав.
  • Истурете ја оваа смеса врз изладениот пудинг фил, распоредена насекаде.
  • Другото тесто исечете го на коцки со иста големина и наредете ги одозгора.
  • Посипете шеќер во прав и послужете.
kako-da-ste-na-bled-napravete-si-domashna-krckava-krempita-02.jpg

фото: depositphotos.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *