Мама и тато ги носат на училиште – дали за Џорџ и Шарлот важат истите правила како за другите деца?

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам вообичаено не бараат посебни услови за нивните деца кога станува збор за училишните обврски.

mama-i-tato-gi-nosat-na-uciliste-dali-za-george-i-charlote-vazat-istite-pravila-kako-za-drugite-deca-01.jpg

Но, со почеток на новата училишна година во време на пандемија, училиштето наложува родителите да ги оставаат децата пред дворот на училиштето, наместо да влезат до главната врата.

Сепак, кралското семејство има дозвола да ги носи своите деца на училиште точно до вратата.

mama-i-tato-gi-nosat-na-uciliste-dali-za-george-i-charlote-vazat-istite-pravila-kako-za-drugite-deca03.jpg

Ова го прават пред сè од безбедносен аспект – децата имаат постојано обезбедување околу нив.

Иако имаат многу обврски, Кејт и Вилијам се обидуваат да се однесуваат како сите други родители – тие ги носат и земаат децата од училиште и се вклучуваат во школските активности.

mama-i-tato-gi-nosat-na-uciliste-dali-za-george-i-charlote-vazat-istite-pravila-kako-za-drugite-deca02.jpg

„Џорџ и Шарлот се пресреќни што можат да се вратат на училиште и да си ги видат другарчињата. Џорџ е трето одделение, а Шарлот прво“ – изјавила Кејт.

Џорџ е популарен меѓу другарчињата како PG.

„Вилијам е особено пријателски настроен кон сите родители и честопати си разговара со мајките на другарчињата“ – изјавил извор од училиштето. 

mama-i-tato-gi-nosat-na-uciliste-dali-za-george-i-charlote-vazat-istite-pravila-kako-za-drugite-deca01.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *