Несовесните туристи си го добиваат по пошта ѓубрето кое го оставиле во национален парк во Тајланд

Еден национален парк во Тајланд дошол до одлично решение за луѓето кои не си го собираат отпадот – им го испраќаат дома.

nacionalen-park-vo-tajland-im-go-vrakja-otpadot-na-nesovesnite-turisti-preku-poshta01.jpg

За жал, иако е 21-ви век и очекуваме на сите да им е јасно дека треба да го собираат својот отпад од бројни причини, а пред сè од култура, сепак уште гледаме луѓе кои зад себе оставаат цела депонија.

Луѓето фрлаат ѓубре на улица, уште почудно – веднаш до корпата или контејнерот, а неретко оставаат ѓубре и после нивните излети во природа. Ова ѓубре, пак, може да содржи секакви штетни и токсични материи, и ја загадува целата околина.

Иако веќе наголемо се зборува за проблемите со загадувањето, некои луѓе не слушаат, па од еден национален парк во Тајланд решиле да му стават крај на овој проблем.

odlichna-ideja-nacionalen-park-vo-tajland-im-go-vrakja-otpadot-na-nesovesnite-turisti-preku-poshta-05.jpg

Националниот парк Khao Yai им „наплаќа“ на луѓето кои оставаат отпад на навистина интересен начин – им го испраќаат отпадот до дома.

odlichna-ideja-nacionalen-park-vo-tajland-im-go-vrakja-otpadot-na-nesovesnite-turisti-preku-poshta-06.jpg

Министерот за природни ресурси и животна средина на Тајланд споделил неколку фотографии од кутии полни со ѓубре кое било собрано од паркот.

Со фотографиите најавил дека сето ѓубре ќе биде собрано, спакувано и испратено до адресата на личноста која го оставила:

„Ѓубрето што го оставија туристите во паркот сега е спакувано во кутии. Подготвено е да им се врати на сопствениците“, пишува во неговата објава.

odlichna-ideja-nacionalen-park-vo-tajland-im-go-vrakja-otpadot-na-nesovesnite-turisti-preku-poshta-02.jpg

За на посетителите да им е јасно за што станува збор, со ѓубрето им испраќаат и порака која гласи:

„Заборавивте нешто ваше во Националниот пар Khao Yai. Ве молиме дозволете ни да го вратиме“.

odlichna-ideja-nacionalen-park-vo-tajland-im-go-vrakja-otpadot-na-nesovesnite-turisti-preku-poshta-03.jpg

Пред посетителите да влезат во паркот, тие оставаат информации за контакт, вклучувајќи ја и нивната домашна адреса, па така од паркот знаат каде треба да го испратат отпадот.

odlichna-ideja-nacionalen-park-vo-tajland-im-go-vrakja-otpadot-na-nesovesnite-turisti-preku-poshta-04.jpg

Што мислите, дали и кај нас треба некој ваков подвиг за да се подигне свеста на луѓето за загадувањето и околината?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *