3-те најнетрпеливи хороскопски знаци (и 3-те на кои можете да им се „качите на глава“)

Кој хороскопски знак постојано е во акција, си го цени времето премногу и пука и при најмала искра, а кој буквално ќе ви дозволи да му скокате на глава и ќе ве толерира?

3-te-najnetrpelivi-horoskopski-znaci-plus-3-te-na-koi-mozete-da-im-se-kachite-na-glava-01.jpg

Некои хороскопски знаци се палат и од искра и избувнуваат, додека други ќе ве толерираат додека вие буквално им скокате на глава.

Кои имаат жешка глава, а кои остануваат студени како мраз и покрај сѐ?

3-те најнетрпеливи хороскопски знаци:

Стрелец

Стрелците се авантуристи кои ја сакаат слободата, па така нема да седат и да ве чекаат додека вие доцните. Секогаш се подготвени за впловување во нова авантура и немаат време за губење.

Водолија

Тие се брилијантни интелетуалци кои размислуваат во некоја друга димензија. Прогресивни се, брзи и немаат трпение за вие да ги кочите во животот.

Овен

Биковите сакаат возбуда и оган, а тоа не подразбира толерирање на нечија нерешителност или трпеливо чекање на доставувачот на пица. Тие се создадени за акција и се нетрпеливи кога комуникацијата не е директна и некој ги заморува со детали.

3-te-najnetrpelivi-horoskopski-znaci-plus-3-te-na-koi-mozete-da-im-se-kachite-na-glava-02.jpg

3-те најтрпеливи хороскоспки знаци:

Бик

За Биковите животот е создаден за уживање и бавно консумирање, па така ако им донесат погрешно кафе тие не се нетрпеливи, сметаат дека имаат доволно време и ќе си нарачаат ново. Ретко може да го изгубат темпераментот.

Риби

Тие се емпатични и сочувствуваат со трагедиите на луѓето околу нив, па така имаат разбирање и се трпеливи кон сите. Гледаат над своите потреби и не трубат на свирката во сообраќајот кога некоја стара бабичка 2 часа минува улица на пешачкиот премин пред нив.

Јарец

Јарците се познати по емоционалната зрелост и контрола и не може лесно да бидат исфрустрирани од одредена ситуација. Дури и кога чекаат еден час на закажан стоматолошки преглед, тие не го губат трпението и не избувнуваат. Ако гледаат некоја цел на хоризонтот, тогаш имаат челични нерви и трпение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *