5 квалитетни книги со кои одлично ќе ја започнете есента

Доколку сè уште не читате онолку колку што би сакале, време е да ја промените оваа навика. А есента е совршеното време за тоа, бидејќи деновите се особено пријатни за читање, размислување и анализа.

5-kvalitetni-knigi-za-esenta-01.jpg

Џејн Остин рекла: „Велам дека не постои такво уживање како читањето! Човек бргу се изморува од сè освен од книга! Кога ќе имам сопствена куќа, би се чувствувала мизерно доколку немам одлична библиотека.“

Па време е да ја наполните вашата, започнувајќи со овие 5 прекрасни предлози кои ги имаме за вас:

Филмски клуб – Дејвид Гилмор

Во оваа неверојатно автобиографска книга на мошне интересен начин се открива динамиката помеѓу авторот и неговиот син. Гилмор е филмски критичар и се соочува со една од најголемите дилеми во животот – неговиот 16-годишен син не сака да оди повеќе на училиште.

Тој носи радикална одлука и му дозволува да го напушти училиштето. Ќе живее под неговиот покрив, сè додека го почитува правилото: заедно да гледаат 3 филмови неделно по избор на Дејвид, а подоцна да ги дискутираат.

5-kvalitetni-knigi-za-esenta (2).jpg

Сè што оставаме – Кери Лонсдејл

Сè што оставаме“ е продолжение на романот „Сè што чуваме“ и втора книга од трилогијата на најдобро продаваната авторка на „Вол Стрит Журнал“, Кери Лонсдејл.

Два месеца пред неговата венчавка, финансискиот раководител Џејмс Донато го следи неговиот брат Фил кој е вмешан во матни зделки, во Мексико, каде што исчезнува во морето и го прогласуваат за мртов.

Шест и пол години подоцна, тој се буди од состојба на дисоцијативна фуга во Оаксака, каде што живее како Карлос Домингез, вдовец и татко на два сина, со неговата балдаза Наталија Хејес, некогашна професионална сурферка, која му помага да се одржи во живот. Но, неговата свршеничка и најголема љубов, Ејми Тирни, продолжува со својот живот. Таа е омажена и има дете.

5-kvalitetni-knigi-za-esenta (1).jpg

Избриши ги солзите – Линда Хауард

Кога добива дојава за синџир за трговија со бебиња во мало село во Мексико, Мила Еџ тргнува да истражува без двоумење. Клучен човек во организацијата е маж со едно око, кој Мила патем добро го помни од минатото. Очајна да го најде, Мила се здружува со Џејмс Дијаз; сомнителен странец кој делува подеднакво опасно како и луѓето кои ги бараат.

Иако истрагата станува сè пожестока, Мила нема намера да се откаже. Иако сите ѝ велат да престане да го бара своето дете зашто веќе се изминати десет години, таа не слуша никого. Мила е жена борец, волчица подготвена на сè за да го најде своето дете. Па макар и соочена со опасен маж, платен убиец, кој би можел да ја замолчи засекогаш.

5-kvalitetni-knigi-za-esenta (3).jpg

Остров – Меша Селимовиќ

Ова е прв превод на култниот роман „Остров“ на македонски јазик.

„Како живеам? Добро. Задоволен сум што проживеав веков, а никому не наштетив. Онаа штета што мене ми е нанесена одамна ја заборавив бидејќи загубата полесно се поднесува отколку каењето“.

Куќата е на крајот од ’ртот, во ретката борова шума, на островот. Сосем близу до гробиштата, далеку од малата рибарска населба. Тука, недалеку од морето, блескаво лете, смрачено и сиво зиме, живеат тие двајца, со години, отповеќе многу години, можеа и да заборават сè што било, оти било одамна, ама немаат заборавено, осудени се на сеќавање.

5-kvalitetni-knigi-za-esenta (4).jpg

Животот е роман – Гијом Мисо

„Еден априлски ден, мојата тригодишна ќеркичка Кери исчезна додека си игравме миженка во нашиот стан во Бруклин“.

Така почнува приказната на Флора Конвеј, славната писателка позната по тоа дека се крие од очите на јавноста. Нема објаснување за исчезнувањето на Кери: вратата и прозорците во станот се затворени, камерите поставени во старата зграда во Њујорк немаат забележано некој да провалил. Полициската истрага не дава никакви резултати.

Во исто време, на другата страна на Атлантски Океан, еден писател со скршено срце се крие меѓу ѕидовите на една стара, трошна куќа. Само тој го држи в раце решението на оваа загатка. А Флора ќе го пронајде.

5-kvalitetni-knigi-za-esenta (5).jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *