Го убил за да стане славен – морничави факти за Марк Дејвид Чапман, убиецот на Џон Ленон

Убиецот на Џон Ленон изјави дека го убил пејачот од себични причини, ѝ се извини на Јоко Оно, а му беше одбиено и 11-тото барање за условно ослободување.

go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon01.jpg

Марк Дејвид Чапман, 65-годишниот убиец на Џон Ленон, годинава имаше сослушување за неговото 11-то барање за условно ослободување. Барањето му беше одбиено но, наводно, убиецот не само што признал дека го убил Ленон од себични причини, туку и ѝ се извинил на Јоко Оно.

„Само сакам да нагласам дека ми е жал за моето злодело. Немам изговор“.

Грозоморниот настан се случи во декември 1980-та, кога Марк го застрела Ленон дури четирипати. Тој период Ленон успешно ја градеше својата соло кариера, 10-тина години после распаѓањето на Битлси.

Овој настан не само што ја шокираше јавноста, туку и им покажа на другите музичари дека опсесијата од фановите може да биде многу опасна.

Вo продолжение неколку факти за овој настан, што веројатно не сте ги знаеле:

Марк планирал да го изврши убиството порано

Вo едно интервју, сопругата на Марк, Глорија, изјави дека тој планирал да го убие Ленон два месеци порано.

„Два месеци порано, Марк отпатува до Њујорк. Си дојде дома исплашен, кажувајќи ми дека сакал да се прослави со тоа што ќе го убие Ленон. Но, ми кажа дека мојата љубов го спасила“.

go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-02.jpg

Наводно, тој целосно се откажал од планот за убиството, но кога сепак го извршил, сопругата била ужасната.

„Мојот живот се промени драстично таа ноќ. Сега бев сопругата на убиец, и тоа не кој било убиец, туку оној чија жртва е сакана од милиони луѓе ширум светот“.

go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-03.jpg

Ленон му дал автограм на Марк неколку часа пред убиството

Марк чекал пред станот на Ленон два дена пред конечно да го сретне и да го убие. Денот кога се случи убиството, околу 5 часот попладне, Ленон излегол од станот, а Марк го чекал со копија од албумот Double Fantasy, која пејачот му ја потпишал. Уште поморничаво е што има и фотографија од тој момент – мажот на десниот крај е Марк.

go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-09.jpg

„Бев возбуден што го гледам. Ме праша дали сакам уште нешто. Неговата сопруга излезе со него и чекаше во лимузината и тоа е нешто за коешто размислувам често – колку беше добар Ленон со еден странец“, има изјавено Марк неколку години подоцна.

Марк останал пред зградата уште неколку часа, а кога Ленон се вратил, околу 22:30 часот, Марк го застрелал во грбот.

go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-04.jpg

Марк изјавил дека сакал да биде славен

Како што кажала сопругата на Марк, и самиот изјавил дека го застрелал Ленон бидејќи сакал да биде славен. Имено, тој немал лошо мислење за пејачот, само сакал да биде познат за нешто.

Подоцна се откри дека Ленон не бил единствената мета на Марк – тој имал цела листа со славни кои планирал да ги убие.

go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-06.jpg

Според сведоците, Јоко си ја удирала главата од подот кога дознала за смртта

Според доктор Стивен Лин кој бил на смена кога го донеле пејачот во болница, Јоко многу тешко се соочила со лошите вести:

„Првото нешто што го кажа беше ’Не е вистина. Лажеш. Не ти верувам.‘ Мислам дека 5 минути го кажуваше тоа. Лежеше на подот, си ја удираше главата од подот. Ги ставив рацете под нејзината глава за да не се повреди“. – изјавил докторот.

go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-07.jpg

Тогаш, Јоко имала само едно барање до лекарите – да не споделуваат вести за смртта сè додека не стигне дома и не му каже на нивниот син.

go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-08.jpg

Некои фанови веруваат дека Марк Чапман е убиец од ЦИА

Како за секоја ненадејна смрт на позната личност, и овојпат се појавија многу теории на заговор. Една од нив е дека Марк е всушност платен убиец од ЦИА.

Оваа теорија ја прослави авторот Фил Стронгмен, кој напиша и книга на таа тема – John Lennon: Life, Times and Assassination. Според Фил, било нелогично Чапман да ја признае вината, наместо да прифати судење, ако го извршил убиството за да биде славен.

„Ако барал внимание, зошто ја испуштил можноста да го има судењето на векот? Со признавање на вината, Чапман го испушти целото внимание кое наводно го барал. Зошто?“

Во неговата книга, Фил тврди и дека убиецот немал ниту еден албум на Ленон пред викендот кога се случило убиството, и покрај неговата опсесија со пејачот – нешто што било многу сомнително во целата ситуација.

go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-05.jpg

Според друга теорија, Ленон е жив

Постои и теорија на заговор дека Ленон е жив и се наоѓа во Мексико. Наводно, тој ја лажирал неговата смрт за да може да избега од окото на јавноста.

Постојат и луѓе кои веруваат дека Ленон се самоубил, дека бил дел од сатанистичко жртвување, па дури и дека бил убиен од писателот Стивен Кинг.

На Марк Чапман му беа одбиени 11 барања за условно ослободување

Вклучувајќи го и последното од годинава, на убиецот му се одбиени 11 барања за условно ослободување.

Во декември ќе поминат 40 години од смртта на Ленон, а најверојатно Марк Дејвид Чапман ќе го помине целиот живот зад решетки.

go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-11.jpg

Сопругата остана со него, но семејството го мрази

Пред некоја година, на годишнината на смртта на Ленон, во јавноста се појави писмо кое Чапман го напишал до неговиот татко. Бидејќи неговото семејство е згрозено од чинот на Чапман, татко му не го отворил писмото цели три децении.

Во писмото, пак, Чапман зборува за затворскиот живот, но и за тоа дека наскоро ќе му дозволат да има посети од сопругата Глорија.

„Ја пријавив последната апликација. Прашање на време е кога ќе биде одобрена – веќе знам дека ќе биде одобрена. Те молам ова нека остане меѓу нас. Сакам да биде тајна и секое протекување ќе биде лошо“, напишал Марк за посетите на сопругата.

go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-12.jpg

Во јавноста се појавија и неколку фотографии од посетите на Глорија, која до денес оди во затворот да го види својот сопруг.

go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-13.jpg
go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-14.jpg
go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-15.jpg
go-ubil-za-da-stane-slaven-mornichavi-fakti-za-mark-dejvid-chapman-ubiecot-na-dzhon-lenon-16.jpg

Одвреме-навреме тој се слушал и со неговата сестра Сузан, но немал никаков контакт со другите членови на семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *