Откорнати дрвја, разурнати локали: Траорен изглед на грчкиот остров Кефалонија по бурата Јанос (фото)

Кога природата ќе збесне, човекот е немоќен… По бурата Јанос, грчкиот остров Кефалонија е непрепознатлив.

otkornati-drvja-razurnati-lokali-traoren-izgled-na-grchkiot-ostrov-kefalonija-po-uraganot-foto-01.jpg

Грчкиот остров Кефалонија го погоди разурнувачката бура Јанос во петокот (18.09), а фотографиите од состојбата на островот по оваа природна непогода ќе ве наежат.

Откорнати дрвја, разурнати локали, уништени патишта, комплетно однесени плажи, направена е огромна материјална штета, а бурата за жал однесе и неколку човечки животи.

Локалните власти најавија дека нудат помош за загрозените од невремето и поплавите, а веќе се собираат и донации од граѓаните. 

На социјалните мрежи и на локалните медиуми последните неколку дена постојано се шират фотки и видеа од последиците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *