„Горд сум што можам да ја наречам моја“ – Џиџи Хадид и Зејн Малик станаа родители

Џиџи Хадид и Зејн малик станаа родители, а вестите ги споделија на социјалните мрежи, заедно со слатка фотографија.

gord-sum-shto-mozham-da-ja-narecham-moja-dzhidzhi-hadid-i-zejn-malik-stanaa-roditeli-01.jpg

Викендов, 25-годишниот модел и 27-годишниот пејач го добија нивното прво дете, а сега официјално ги потврдија новостите.

Прво се огласи Зејн, со фотографија на која ја држи раката на новородената ќерка.

„Нашето девојче е овде, здраво и убаво. Да се обидам да опишам како се чувствувам сега би било невозможна задача. Љубовта што ја чувствувам за ова мало човече е над моето разбирање. Благодарен сум што ја знам, горд сум што можам да ја наречам моја и благодарен сум за животот што ќе го имаме заедно“, стои во описот на фотографијата.

Малку подоцна, и гордата мајка се пофали за приновата. Џиџи објави црно-бела фотографија на која се гледаат дланките на Зејн и нивната ќеркичка:

„Нашето девојче ни се придружи овој викенд и подготвена е да го промени нашиот свет. Колку сум вљубена“.

Џиџи ги потврди гласините за бременоста кон крајот на април, а понекогаш објавуваше и фотографии од стомачето. Моделот не споделуваше многу детали за бременоста, а и објасни зошто го правела тоа:

„Мислам дека многу луѓе се збунети зошто не споделувам повеќе работи, но јас сум бремена среде пандемија. Очигледно, мојата бременост не е најважното нешто што се случува сега“.

Засега не е познато дали парот избрал име за девојчето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *