Грозоморно: Мајка нашла фотографии од нејзиното бебе на сајт за педофили – родители внимавајте што објавувате

„Плачев неконтролирано 45 минути кога видов. Имаше болни коментари на фотографиите од Калиа, буквално ќе повратев“ – исповед на 29-годишна мајка која нашла слики што ги објавувала на Инстаграм од нејзиното бебе, преземени на педофилски сајт.

grozomorno-majka-nashla-fotografii-od-nejzinoto-bebe-na-sajt-za-pedofili-roditeli-vnimavajte-shto-objavuvate-01.jpg

Додека некои родители мудро ги кријат лицата на нивните деца на социјалните мрежи и избегнуваат да објавуваат фотки од нив, други немаат проблем јавно да ги објавуваат, но можеби овој грозоморен чин ќе ве замисли и натера да размислите за во иднина.

Сте помислиле ли некогаш каде сè може да завршат вашите фотографии кои ги објавувате јавно на социјалните мрежи? Уште полошо, фотографиите од вашите невини деца, кога го споделувате секој нивни чекор и постапка, а притоа профилите не ви се затворени, туку јавни.

Аманда Морган е од оние мајки кои немаат проблем да ги споделуваат сите моменти со децата на социјални мрежи и редовно споделувала фотки од малечкото девојче.

grozomorno-majka-nashla-fotografii-od-nejzinoto-bebe-na-sajt-za-pedofili-roditeli-vnimavajte-shto-objavuvate-002.jpg

Подоцна таа открила дека на Фејсбук страните за „слатки бебиња“ се споделуваат сликите од девојчето, но не го гледала тоа како нешто страшно, сѐ додека фотографиите не паднале во погрешни раце, споделуваат светските медиуми.

grozomorno-majka-nashla-fotografii-od-nejzinoto-bebe-na-sajt-za-pedofili-roditeli-vnimavajte-shto-objavuvate-02.jpg

29-годишната мајка била известена дека фотографиите од нејзината ќерка се искористени на вознемирувачки сајт за педофили, а тоа го забележале други родители кои веќе се обидувале да го затворат сајтот.

На сајтот биле објавени 3 фотки од 3-годишната Калиа, а истите биле направени кога таа имала само 6 месеци. Фотографиите биле преземени од профилот на мајката, кој бил јавен, а подоцна биле едитирани така што девојчето „добило“ зелени очи и шминка на невиното лице.

„Плачев неконтролирано 45 минути кога ја добив таа порака. Мојот партнер не можеше да ме смири, се тресев. Сметав дека е моја грешка бидејќи беа од мојот Инстаграм профил. Има 3 слики од моето дете на тој сајт, јас не сум ја дотерала така, никогаш не би му ставила шминка на моето бебе.“

grozomorno-majka-nashla-fotografii-od-nejzinoto-bebe-na-sajt-za-pedofili-roditeli-vnimavajte-shto-objavuvate-003.jpg

Аманда морала да помине низ голгота и да направи свој профил на ужасниот вебсајт, за да може да утврди кои фотографии се искористени, а открила дека сајтот е полн со злоупотребени фотографии од деца.

„Има кориснички имиња од А до Ш и секоја буква има по илјадници корисници со педофилски надимаци како ‘злоставувач на бебиња’. Никогаш не сум видела нешто такво. Не сакав да одам предалеку бидејќи не сакав да се потресувам. Овие деца се злоупотребени така што се преземени фотографии од нив преку нивните родители.

Ми се гади, тешко ми е и тажна сум заради сите овие бебиња. Иако видов болни коментари на фотографиите од Калиа, тоа дури и не беше најлошото. Имаше уште полоши работи на сајтот. За малку ќе повратев, буквално ми се гадеше. Не спиев како што треба откако дознав за ова.“ – продолжува мајката.

Инаку, станува збор за руски сајт, кој има илјадници корисници од целиот свет, а дел од грозните коментари на фотографиите на Калиа биле: „не можам да ѝ одолеам“, „добра поза“ и слично…

grozomorno-majka-nashla-fotografii-od-nejzinoto-bebe-na-sajt-za-pedofili-roditeli-vnimavajte-shto-objavuvate-03.jpg

Мајката нормално била преплашена од целата ситуација со која се соочила, но сепак решила да се отвори и да ја раскаже нејзината приказна за да ги предупреди и другите родители, да знаат што се случува во овој свет.

Сепак, иако прво решила да престане да објавува фотки од ќерката, потоа се предомислила бидејќи сака да споделува моменти со најблиските, па оттогаш го направила профилот приватен.

„Моето дете е покриено, носи џемпер со долги ракави и здолниште на една од фотографиите и никаде не ѝ се гледа гола кожа. Би им порачала на родителите да ги покриваат децата на фотките што ги споделуваат и никогаш да не објавуваат слики од нив голи или во бања, колку и да се слатки. Тие фотографии правете ги само за себе и не ги објавувајте никаде, бидејќи овие чудаци тоа го чекаат.“ –порачува Аманда на родителите.

grozomorno-majka-nashla-fotografii-od-nejzinoto-bebe-na-sajt-za-pedofili-roditeli-vnimavajte-shto-objavuvate-2.jpg

Таа го пријавила сајтот во полиција и го известила Инстаграм за нејзината случка, но и покрај сите напори не успеала да преземе ништо сериозно околу тоа.

Инаку, овие фотографии биле објавени на нејзиниот јавен профил, а подоцна се преземени од Kennedy News and Media за целите на на веста и споделување на приказната на Аманда.

Ова е уште еден доказ дека родителите треба да бидат внимателни што објавуваат на социјалните мрежи.

Секако дека сите се радуваат на моментите со малечките и сакаат да ги споделат со сите, но во тој случај, барем затворете го профилот и скратете го кругот на луѓе кои ќе ги гледаат, бидејќи не сте никако заштитени од понатамошна злоупотреба на сликите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *