Има над 100.000 следбеници – Шиба Ину куче од Јапонија го освојува Инстаграм со неговата насмевка (фото)

9-месечниот Уни е куче од расата Шиба Ину и живее во Токио. Ова кученце е секогаш одлично расположено, а кога ќе види храна, пак, дури и се насмевнува.

shiba-inu-kuche-od-japonija-go-osvojuva-instagram-so-negovata-nasmevka-foto-01.jpg

Уни е опкружено со многу љубов, па не е ни чудно што на неговото лице речиси секогаш има насмевка.

„Уни е убав не само затоа што постојано е насмеан, туку неговите кратки нозе имаат бели шепи, па изгледа како да носи чорапи“, вели неговиот сопственик.

Уни е мирно куче кое речиси никогаш не лае, а според сопственикот, неговото друштво е секогаш релаксирачко.

Најмногу од сè, Уни сака храна, а тоа се забележува и од неговата насмевка. Воглавно тој јадел сè, но омилена храна му биле компирите.

Ова кученце веќе е сензација на Instagram – неговиот профил го следат над 100.000 корисници, од кои сите имаат само позитивни коментари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *