Ракот не си ја цени смислата за хумор, Скорпијата – храброста: Како секој од знаците си ја поткопува самодовербата?

Секој од нас се соочува со сопствените демони кога станува збор за самодовербата. Наместо да ги истакнува позитивните карактеристики, најчесто сме фокусирани на сите негативни аспекти од нашата личност.

Kako-sekoj-od-znacite-si-ja-potkopuva-samodoverbata-01.jpg

Согласно хороскопскиот знак, дознајте на кој начин си ја рушите самодовербата и обидете се да не го правите тоа во иднина:

Овен

Ja потценувате сопствената интелигенција. Често пати сметате дека не сте доволно добри во реализацијата на некоја задача, па радо ќе го препуштите тоа на некој, според ваше мислење, поталентиран колега. Но, бидете свесни дека имате доста креативен ум и сте полни иновативни идеи.

Бик

Вие како сè уште да не си ја познавате својата сила. Понекогаш се затворате во себеси, се изолирате од сè и сите околу вас, дозволувате да ве опседнат црни мисли и сметате дека не можете да продолжите ни чекор понатаму. Потсетете се само какви препреки успеавте да поминете во животот, тоа ќе ви даде доволно мотивација за понатамошната борба.

Близнаци

Не сте свесни за харизмата и шармот со кој ги плените луѓето околу вас. Според вашето скромно мислење вие сте сосема обични. Но, мора да сте забележале какво волшебно дејство имате врз околината кога ќе влезете во одредена просторија и ќе започнете да зборувате. Луѓето уживаат во вашето присуство, искористете ја оваа ваша силна страна.

Рак

За себеси мислите дека сте прилично емотивни и меланхолични. Вистината е дека сте и многу забавни. Пријателите уживаат во вашата смисла за хумор. Интересни сте и прилично допадливи. Штета што оваа весела страна ја покажувате само под дејство на некоја чашка алкохол. Верувајте дека ќе им се допаднете на луѓето токму онакви какви што сте.

Лав

Живеете со страв дека нема да успеете да се адаптирате на некоја нова средина, без разлика дали станува збор за промена на работна позиција или место на живеење. Вие сте всушност, бестрашни. Лесно може да се вклопите секаде, луѓето можеби не ве обожаваат, но ве почитуваат, а тоа е сосема доволно, ако не и најважно.

Девица

Сè уште не си ги познавате доволни сопствените таленти. Се потценувате себеси дека не сте доволно добри во извршувањето на одредени задачи. Сметате дека нема ништо посебно кај вас, а всушност сте подобри и многу повнимателни, особено во делот на менаџерските и организациските вештини. Вашето ниво на педантност е добро познато, искористете ја оваа предност во своја полза.

Вага

Ја потценувате сопствената љубезност кон останатите околу вас. Помошта и поддршката која ја нудите ја земате здраво за готово и сметате дека не правите речиси никаква разлика. Другите околу вас ви се благодарни поради фактот што секогаш сте тука кога сте им најпотребни на пријателите.

Скорпија

Сметате дека имате многу повеќе стравови одошто треба да има еден човек. Особено многу ве ужаснува смртта и одредени болести. Но, сфатете дека тоа е сосема нормално и човечно однесување. Вистината е дека сте многу похрабри отколку што си мислите. Вие сте всушност бестрашни, најхрабри од сите 12 хороскопски знаци.

Стрелец

За себе мислите дека не умеете да комуницирате доволно добро со другите. Затоа преферирате да се изолирате од луѓето, да скитате сами, да патувате, бидејќи не сте обдарени со социјални вештини. Но, луѓето всушност го сакаат вашето присуство. Сметаат дека сте интересни и мошне забавни кога ќе се отворите пред нив.

Јарец

Според вас, вистинската убавина и вредност извираат одвнатре, па често пати ја потценувате сопствената физичка убавина. Дури и заборавате на неа, како да немате огледало дома. Но, мора да сфатите дека сте подеднакво привлечни како одвнатре, така и однадвор.

Водолија

Не им верувате доволно на сопствените способности. Со вас владее сомнеж, особено за време на јавни настапи и говори. Нема никаква потреба од тоа. Поспособни сте отколку што си мислите. Впрочем вие сте еден од ретките надарени говорници, умеете одлично да балансирате помеѓу вербалните и невербалните експресии.

Риби

Не сте свесни колку всушност вредите. Се потценувате себеси, а ова води до искористување, злоупотреба и манипулација од страна на другите околу вас. Време е да се разбудите – вредите повеќе одошто си мислите. Само тогаш кога ќе почнете да се цените себеси, ќе почнат да ве ценат и останатите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *