„Чистењето не е само женска обврска“ – машките ученици во Шпанија учат како да извршуваат домашни обврски

Во едно училиште во Шпанија, машките ученици учат дека домашните обврски не се само женска работа, а учат и како да ги извршуваат.

chistenjeto-ne-e-samo-zhenska-obvrska-mashkite-uchenici-vo-shpansko-uchilishte-uchat-kako-da-izvrshuvaat-domashni-obvrski-01.jpg

Во поголемиот дел од нашата историја, човештвото верувало дека жената е таа што треба да се грижи за домот. За среќа, времињата се менуваат, па сè почесто гледаме мажи кои сфаќаат дека домашните обврски се и нивни обврски.

Факт е дека уште не постои полова еднаквост каква што би сакале, но едно училиште во Шпанија се обидува да го промени тоа, барем на некој начин.

chistenjeto-ne-e-samo-zhenska-obvrska-mashkite-uchenici-vo-shpansko-uchilishte-uchat-kako-da-izvrshuvaat-domashni-obvrski-05.jpg

Во училиштето Colegio Montecasteo се одржуваат часови наменети само за момчиња, на кои се изучуваат вештини како готвење, чистење, шиење, пеглање… Со други зборови, машките учат како да ги извршуваат обврските што долго време им беа наметнати само на жените.

chistenjeto-ne-e-samo-zhenska-obvrska-mashkite-uchenici-vo-shpansko-uchilishte-uchat-kako-da-izvrshuvaat-domashni-obvrski-02.jpg

Воглавно часовите ги држат вработени од училиштето, но наводно, и некои татковци на учениците учествувале во предавањата.

chistenjeto-ne-e-samo-zhenska-obvrska-mashkite-uchenici-vo-shpansko-uchilishte-uchat-kako-da-izvrshuvaat-domashni-obvrski-06.jpg

Според еден од вработените во училиштето, овие часови се навистина корисни бидејќи:

„Кога ќе основаат семејство, ќе знаат дека во домот има двајца и дека чистењето и пеглањето не се само обврски за жената. Ова ќе им помогне да станат свесни и да научат самите да се грижат за себе“.

chistenjeto-ne-e-samo-zhenska-obvrska-mashkite-uchenici-vo-shpansko-uchilishte-uchat-kako-da-izvrshuvaat-domashni-obvrski-03.jpg

Најпрво, планот бил учениците да учат само како да готват, но откако сфатиле дека ова е добра идеја, во часовите вклучиле и други вештини, како пеглање и шиење.

На почетокот на учениците не им се допаѓало што ќе мораат да ги учат овие работи, но набрзо почнале да уживаат во часовите. Нивните родители, пак, веднаш се согласиле со предлогот.

Според директорот на училиштето, некои момчиња дури тогаш првпат фатиле пегла во рака, па било навистина забавно да се гледа како ги учат сите овие, за нив нови вештини.

chistenjeto-ne-e-samo-zhenska-obvrska-mashkite-uchenici-vo-shpansko-uchilishte-uchat-kako-da-izvrshuvaat-domashni-obvrski-04.jpg

Бидејќи и кај нас повеќето жени ќе ви кажат дека партнерите не им помагаат околу домот, можеби овие часови би биле корисни и во нашите училишта. Секако, поентата не е тоа да стане машка обврска, туку – заедничка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *