Згрозувачки скандал во Виетнам: Ги чистат и препродаваат користените кондоми како нови – полицијата ги конфискувала

Јавоста е згрозена од нов скандал – полицијата во Виетнам открила и конфискувала неколку стотици илјади искористени презервативи, кои биле вриени и продавани како нови.

vo-vietnam-konfiskuvani-nad-300-000-iskoristeni-prezervativi-ischisteni-i-podgotveni-za-prodazhba-01.jpg

Според виетнамските медиуми, конфискуваните кондоми биле исчистени, пред повторно да бидат пуштени во продажба.

На една виетнамска телевизија се прикажаа и снимки на кои се гледаат 10-тина големи вреќи полни со искористени презервативи. Вреќите се наоѓале во склад во јужниот дел од државата.

Според информациите од полицијата, вреќите тежеле околу 360 килограми, па оттаму претпоставката дека внатре има околу 345.000 кондоми

vo-vietnam-konfiskuvani-nad-300-000-iskoristeni-prezervativi-ischisteni-i-podgotveni-za-prodazhba-02.jpg

За време на акцијата била пронајдена жена, сопственичка на складот, која им открила како се одвивал процесот – најпрво, кондомите биле вриени во вода, потоа сушени, а на крај ги оформувале со дрвен фалус. Потоа ги пакувале и ги продавале.

Според 34-годишната жена, тие добивале голема количина искористени кондоми еднаш месечно, од непозната личност.

vo-vietnam-konfiskuvani-nad-300-000-iskoristeni-prezervativi-ischisteni-i-podgotveni-za-prodazhba-03.jpg

Полицијата не знаела колку презервативи биле продадени досега, а жената открила дека добива 0.17 долари за секој рециклиран килограм.

Наводно, полицијата дознала за складот од анонимен жител кој живее во близина и засега ги барале другите вклучени во операцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *